Црна хроника
Приведен шверцер, пронајдени шест лица мигранти
Синоќа, на автопатот Пријателство, од граничниот премин Табановце кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ го привеле О. Б. (29) од с. Црвени Брегови, Неготинско, кој бил затекнат додека во возилото „алфа ромео“, со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, се качуваат шест лица мигранти од Индија.
Возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во транзитен центар. О. Б. бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.