Црна хроника
Почина девојчето што вчера се здоби со изгореници
Едногодишната Билјана од прилепското село Штавица што вчера се здоби со изгореници од највисок степен во текот на ноќта им подлегна на повредите
Трагедијата се случи во вторникот во семејната куќа на семејството Кулевски кога изби пожар, а едногодишното девојче спиејќи во својот кревет во близина на шпоретот се здоби со тешки изгореници. Родителите во моментот на пожарот не биле во куќата, а кога по два часа се вратиле забележале дека креветот во кој спиело девојчето е целосно во пламен. Родителите го извадиле девојчето во дворот но веќе речиси 80 отсто од телото било зафатено од огнот. Нејзините родители заработија кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес.
По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Пронајдено тело на жена во Вардар
Во полицијата, вчера било пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на селото Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице.
Телото било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес.
Увид на местото извршила полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
Црна хроника
Во Скопје пријавено насилство: 14-годишник натепан и оставен во Сингелиќ, 16-годишната сестра однесена со возило
Педесет и едногодишна скопјанка пријавила дека на 30 ноември околу 17:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С.
Според пријавата, В.С. во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со девојчето продолжил да се движи со автомобилот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

