Сцена
Претставата ’Централ парк – запад’ на Вуди Ален во Универзална
Претставата „Централ парк – запад“ на култниот американски режисер и сценарист Вуди Ален, ќе ја има својата македонска премиер на 10-ти декември на „Малата сцена“ во скопска Универзална сала.
Претставата „Централ парк – запад“ на култниот американски режисер и сценарист Вуди Ален, ќе ја има својата македонска премиер на 10-ти декември на „Малата сцена“ во скопска Универзална сала.
Веќе следниот ден, на 11-ти декември, на истата сцена со почеток од 21 часот ќе се одржи и првата реприза. Претставата е производ на соработка на „Соларис продукција“ и независниот „Театар 007“, а е во режија на Игор Ивковиќ. „Совршената фасада и надворешна доминантност, не значи дека во внатрешноста владее мир, спокојство и среќа. И елитата е дел од обичната секојдневна човечка пракса на живеење, во која не е секогаш ’розово’. Претставата ’Централ парк – запад’ не е обична комедија, туку повеќе од тоа. Вудиаленовскиот интелектуален хумор, придружен со совршената психолошка вивисекција на карактерите, не само што насмевнува, туку отвора важни секојдневни прашања за кои секогаш треба да се најде вистинскиот одговор“, вели режисерот на претставата Игор Ивковиќ.Во претставата играат Ирена Илиевска, Ангела Наумоска, Марко Богдановски, Јеткин Сезаир и Елизабета Клинчаревска-Младеновска, а за дизајнот се погрижи Маре Трајковска, која изработи уникатни костимографски и сценографски решенија.„Независната продукција ’Театар 007’, со оваа претстава уште еднаш потврдува за важноста на постоењето на алтернативната и независна продукција во Скопје. Со ’Централ парк – запад’ нашиот театар поставува вистински темели на алтернативно поимање на сценскиот простор, на можност за реализирање театарски проекти секаде и во секое време“, вели продуцентот на „Театар 007“, Миодраг Костиќ.Билет за претставата „Централ парк – Запад“ чини 200 денари, и може да се набави на билетарницата на Универзална сала – Скопје./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.
Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР
Култура
МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија
Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.
Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.
Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.
„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.