Спорт
Инцидентот со Џака е поврзан со албанската мафија?

Британската Национална агенција за криминал (НЦА) го истражува случајот со необичниот жолт картон на ѕвездата на Арсенал, Гранит Џака, на минатогодишниот меч против Лидс во случај во кој е поврзан поранешен шведски фудбалер, кој веќе е осуден за местење мечеви и албанската мафија, тврди „Дејли мејл“.
Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) веќе поведе случај за сомнителните облози дека Џака ќе добие жолт картон во последните десет минути од мечот на „Еланд роуд“, каде што Арсенал победи со 3:1, а швајцарскиот репрезентативец навистина доби жолт картон во 83. минута поради задржување време. Според „Дејли мејл“, за жолтиот картон на Џака биле поставени вкупно 52.000 фунти на обложувачниците пред мечот во декември 2021.
The Xhaka card vs Leeds is a lot more sus on his part than the referees imo. Always going to get booked for that and zero reason to be time wasting at 4-1 with 5 mins left.. #Xhaka #AFC #LUFC pic.twitter.com/nwi7Itz6MN
— JP ???????? (@JPhcafc) June 18, 2022
Сега, весникот иако објаснува дека нема обвиненија кон Џака, посочува дека под истрага е шведскиот фудбалер со албанско потекло, Албан Јусуфи, кој во 2017 година доби петгодишна суспензија од фудбалот откако тој наводно заработил добри пари на овој облог. 41-годишниот Јусуфи беше осуден откако на голманот на АИК Стокхолм, Кирјакос Стаматопулос, му дал 150.000 фунти за да игра лошо во дербито против ИФК Гетеборг поради што Шведската фудбалска федерација го одложила мечот.
EXCL: Investigators probing Granit Xhaka’s suspicious booking in December are told of a possible criminal conspiracy involving the Albanian mafia | @MattHughesDM https://t.co/dVSyykjDcx
— MailOnline Sport (@MailSport) August 5, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.
На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.
Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.
Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.
Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.
Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.
Спорт
Алонсо се збогуваше со Леверкузен: „Разговарав со играчите“
Веќе нема никаква дилема, Чаби Алонсо јавно потврди дека ја напушта клупата на Баер Леверкузен и дека ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.
Официјална потврда дојде и од главниот актер.
На прес-конференцијата пред натпреварот од Бундеслигата против Борусија Дортмунд, Алонсо откри пред јавноста дека веќе разговарал со играчите и дека ќе се збогува со клубот во преостанатите два натпревари од сезоната.
„Оваа недела, клубот и јас се согласивме дека ова ќе бидат моите последни два натпревари во Леверкузен. Ова е вистинско време да го објавам тоа бидејќи секогаш имавме добра комуникација. Мораме да уживаме во овој момент со измешани емоции. Разговарав со играчите и персоналот, не беше лесно. Имавме одличен однос и тоа беше клучот. Тие веруваа во мене и ме следеа. Сакам да се збогувам на вистински начин овој викенд“, рече Алонсо.
Алонсо, поранешен шпански репрезентативец, играше за Реал Мадрид од 2009 до 2014 година за време на својата играчка кариера и освои бројни трофеи со Реал, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2014 година.
Спорт
Мекалистер прогласен за играч на месецот во Премиер лигата

Мекалистер постигна два гола и имаше една асистенција во пет натпревари од Премиер лигата во април, со што за прв пат ја освои наградата за играч на месецот во Премиер лигата.
Ливерпул забележа четири победи и еден пораз во тој период, а исто така ја обезбеди и титулата откако изгради непобедлива предност пред Арсенал.
Менаџерот на Вулверхемптон Вондерерс, Витор Переира, е прогласен за менаџер на месец април во Премиер лигата.
Переира за прв пат ја освои наградата за најдобар тренер на месецот во Премиер лигата.
Вулверхемптон минатиот месец забележа пет победи од исто толку натпревари и го обезбеди опстанокот во Премиер лигата.