Спорт
Ла лига не дозволува Барса да ги регистрира новите засилувања!
И покрај фалењето на претседателот на клубот, Жоан Лапорта дека во клубот влегле над 800 милиони евра во последните два месеци, шпанската Ла лига нема да дозволи на Барселон да ги регистрира новите засилувања пред стартот на сезоната додека не ја „средат“ финансиската ситуација, тврдат повеќе шпански и интернационални извори.
Блауграна ја стартуват сезоната против Рајо Валјекано на „Ноу Камп“ на 13 август, а претходно во недела ќе го презентираат својот тим на Трофејот Жоан Гампер против мексиканскиот УНАМ.
Во петокот, Барселона го презентираше Роберт Левандовски пред 60.000 гледачи, но полската ѕвезда заедно со новите засилувања, Рафиња, Жил Кунде, Франк Кеси и Андреас Кристенсен нема да може да биде регистриран за новата сезона, заедно со Усман Дембеле и Серхи Роберто, кои ги обновија договорите со каталонскиот клуб.
Според каталонскиот „Спорт“, лигата веќе ја информирала Барселона за одлуката, со барање за намалување на сумата која се дава на плати на фудбалерите, што ги става под притисок да продадат дел од играчите, како Френки де Јонг, кој досега ги одбиваше понудите од Челси и Манчестер јунајтед.
Лапорта триумфален: За два месеци внесовме 868 милиони евра во Барселона
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Никола Јокиќ е најдобар европски кошаркар во 2024 година
Никола Јокиќ е најдобриот европски кошаркар во 2024 година, објави ФИБА.
Центарот на Денвер Нагетс и српскиот национален тим ја доби престижната награда „Европски играч на годината“ со 32 проценти од гласовите.
„Навивачите го изгласаа Никола Јокиќ за „европски играч на годината“, објави ФИБА.
Соиграчот на Јокиќ од националниот тим, Богдан Богдановиќ со 15 отсто од гласовите, го освои третото место. Втор во изборот заври Јанис Адетокумбо. Гркот доби 18 отсто од гласовире.
Јокиќ блеска и оваа сезона со просек од 30,7 поени, 13 скока и 9,7 асистенции.
Минатата година наградата му припадна на Словенецот Лука Дончиќ.
Спорт
Барселона го отпушти готвачот поради Левандовски
Фудбалскиот клуб Барселона е во потрага по нов готвач за првиот тим, по жалбата на напаѓачот Роберт Левандовски, објавија шпанските медиуми.
Како што пренесува каталонскиот весник „Спорт“, тренерот Ханси Флик побарал смена на готвачот, а спортскиот директор Деко започнал да ги интервјуира кандидатите, откако Левандовски се пожалил на начинот на подготовка на јајцата.
Флик ја пренел жалбата до раководството, ја изразил својата загриженост и побарал да се ангажира професионален готвач.
Германскиот тренер јасно ставил до знаење дека сака да го контролира секој аспект од закрепнувањето и физичката подготовка на играчите, а составен дел од тоа е и исхраната.
Флик, исто така, му овозможи на тимот да се врати од гостувањата следниот ден, наместо веднаш по натпреварот како порано, за играчите да имаат повеќе време за спиење и одмор.
Спорт
(Видео) Мајсториите на Дамфрис ја решија Аталанта, Интер на чекор до трофејот во Суперкупот
Фудбалерите на Интер се пласираа во финалето на италијанскиот Суперкуп. На „Конгдом арена“ во Ријад, актуелниот италијански шампион ја победи Аталанта, во првото полуфинале со 2:0 (0:0). Херојот на Интер е десниот бек, Дензел Дамфрис кој ги постигна двата гола.
Симоне Инзаги го испрати најсилниот тим на теренот, Џанпјеро Гасперини ротираше, Интер беше доминантен во првото полувреме, Лаутаро Мартинез промаши буквално се, а Карнесеки блескаше на голот на Аталанта.
Вториот дел му припадна на Дензел Дамфрис, кој покажа дека може да биде исклучително опасен во нападот.
Се играше во 49. минута кога Бисек со глава ја спушти топката во шеснаесетникот по корнер од десната страна, а таму Дамфрис го доби дуелот со Скалвини, ја прими топката на гради, со грб свртен кон голот, а потоа го фати „ножички“ и мајсторски ја погоди мрежата, за 1:0.
Во 61. минута Бисек во сопствениот шеснаесетник му ја одзеде топката на Адемола Лукман и иницираше молскавичен контранапад кој со прекрасен удар од 18 метри го заврши Дамфрис.
Во последните 30 минути Аталанта нападна со сите „оружја“, голот на Едерсон беше поништен по интервенција од ВАР собата, а потоа голманот на Интер, Зомер му одбрани зицер на Џимшити.
Интер ќе се бори за првиот трофеј во сезоната со победникот од натпреварот Јувентус – Милан кој се игра утре исто така во Ријад.