Европа
Путин и Порошенко потврдија дека продолжуваат борбите во источна Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави во вторникот попладнето дека проруските бунтовници во источна Украина го прекршиле примирјето ноќта кон вторникот убивајќи еден војник, додека неговиот руски колега Владимир Путин кој се наоѓа во посета на Австрија, изјави дека добил информации дека во областа на Славјанск украинската армија извршила десант и се водат борби што го оцени „тажно“ за мировниот процес.
Претходно во вторникот и бунтовниците и украинските сили соопштија дека се одржува примирјето на огнот до 27-ми јуни, но дека владата во Киев пријавила напади на контролните пунктови на армијата.
„За жал другата страна го прекршила примирјето. Минатата ноќ имало осум такви случаи, убиен е еден војник а седум се ранети“, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Петро Порошенко цитирајќи го дел од разговорот со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.
Според украинската страна проруските бунтовници со ракетни фрлачи и минифрлачи ја нападнале контролната точка на украинската армија кај Славјанск, кој повеќе од два месеца се наоѓа во целосна опсада на украинската армија.
Портпаролот на ткн „антитерористичка“ операција на Киев, Владислав Селезнев, додал дека со лесно вооружување била нападнат други контролен пункт. Додал и дека владините сили не учествувале во воена операција од минатиот петок кога Порошенко прогласи примирје.
Подоцна Селезнев објави и дека кај Славјанск во Донецката област бил соборен украинскиот воен хеликоптер „Ми-8“ при што загинале девет припадници на армијата, кој според него се враќал по извршување на задачата да пренесе товар до контролен пункт на војската. Украинскиот портпарол тврди дека во хеликоптерот имало експерти кои го набљудувале теренот за регистрирање на нарушувањата на прекинот на огнот.
„За жал, во моментов добив релевантни информации дека на едно од најпроблематичните места, во областа на градот Славјанск, се водат борби. Таму бил извршен десант, и веќе има човечки жртви. Тоа е тажно. Треба да се стремиме уште изјавите да ги поткрепиме со конкретни дела, инаку ниеден проблем од овој вид нема да биде решен“, изјавил Путин на прес-конференцијата со австрискиот претседател Хајнц Фишер во Виена./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.