Европа
Официјален протест на Грција за коментарите на Шојбле

Официјална Атина вложи протест по забелешката оценета како арогантна на германскиот министер Волганг Шојбле за неговиот грчки колега Јанис Варуфакис, објави во четвртокот грчкото министерство за надворешни работи.
„Вложивме протест до Берлин во врска со изјавата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбл“, изјави за грчките медиуми Константинос Кутрас, портпарол на грчката дипломатија.
Кутрас притоа спомена „арогантни забелешки упатени за грчкиот министер“ за финансии Јанис Варуфакис и фактот дека Шојбле изразил сомневање во способноста на грчката влада да ги исполни своите обврски.
Овие изјави беа изречени во вторникот во Брисел на прес-конференцијата по состанокот на министрите за финансии на земјите членки на Европската унија (Екофин). Германскиот министер тогаш помалку иронично ги опиша односите на Варуфакис со новинарите кој му рекол „дека секогаш погрешно го фаќаат и дека медиумите се грозни“.
Кутрас не прецизираше за која наводна навреда станува збор, но се нагаѓа дека станува збор за коментарот за „глупата наивност“, поради што се јавило сомневањето дека грчките медиуми можеби погрешно ги превеле зборовите на германскиот министер за финансии. Еден од портпаролите на германското министерство за финансии за AFP изјавил дека Шојбле не го навредил Варуфакис.
Шојбле, инаку, е честа цел на критиките на грчките медиуми. Така кон средината на февруари на карикатурата објавена во дневниот весник Avgi (Зора), кој се смета за партиско гласило на Сириза на Ципрас, германскиот министер за финансии вели „истрајни сме во добивањето сапун од вашето сало“ и „размислување за производство на ѓубриво од вашата пепел“, алудирајќи на судбината на Евреите во концентрационите логори на германските нацисти во текот на Втората светска војна.
И претходно, при протестите во екот на должничката криза или при посетите на Атина, германската канцеларка Ангела Меркел често беше прикажувана во нацистичка униформа и со мустаќите карактеристични за германскиот нацистички водач Адолф Хитлер. Министерот Шојбле, пак, сега е цел на грчките медиуми и политичари, бидејќи долго време е поборник на програмата за штедење.
Сепак општа е констатацијата дека овој случај е уште еден показател за крајна чувствителност во односите меѓу Германија и Грција откако на власт дојде радикалната левица предводена од премиерот Алексис Ципрас.
Односите меѓу Германија, којашто е најголемиот доверител на презадолжената Грција, и новата влада во Атина се особено заострени по предвремените парламентарни избори од 25-ти јануари по кои владата ја сочинуваат радикалните левичари од Сириза и националистите од малата крајно десна партија Независни Грци, кои се застапуваат за прекинување на штедењето како мерка за санирањето на последиците од длабоката должничка криза и услов договорен од претходната грчка влада за добивање на големиот пакет странска финансиска помош од 240 милијарди евра.
Претходно седмицава во односите меѓу Берлин и Атина уште еднаш имаше искри откако во вторникот беше објавено дека грчката парламентарна комисија треба да ја процени висината на бараните репарации за германските штети од Втората светска војна, а во средата во Атина со износ до 332 милијарда евра. Грција министерството правосудство се закани дека, доколку Германија го одбие барањето, ќе ги запленува германските недвижнини во Грција. Станува збор за зградата на Гете институтот во Атина, Германскиот археолошки институт и германските училишта во Атина и во Солун. Берлин кусо одговори дека нема намери да исплаќа отштета за Грција, повторувајќи дека тоа го сторил со давање 115 милиони германски марки во 1960 година, и дека тоа прашање е затворено со меѓународната спогодба од септември 1990 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин