Црна хроника
Обвинение за скопјанец, чиј автобус 20 пати поминал граница со фалсификувана лиценца
Основното јавно обвинителство од Скопје поднелo обвинение против 41-годишен скопјанец, управител на фирма од Рашче, поради тоа што во текот на 2021 година со лажна лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај негов автобус преку возачи што го управувале автобусот на фирмата 20 пати ја преминал државната граница.
„По спроведена опсежна претходна постапка и направените детаљни проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело фалсификување исправа.
Обвинетиот 41-годишник како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти услови и слични околности, преку возачите што управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејства и употребувал како вистинска лажна јавна исправа извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај“, велат надлежните.
Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите што го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.1.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на разни гранични премини.
Со опишаните дејства обвинетиот сторил кривично дело фалсификување исправа по чл. 378 ст. 3 во врска со ст. 1 во врска со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 во врска со ст.3 во врска со ст.1 во врска со чл. 45 од Кривичниот законик.
Прибраните докази во текот на претходната постапка, кои се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини задолжени за контрола на изводите од лиценци, Основното јавно обвинителство Скопје ќе му ги достави на надлежно постапување на Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

