Црна хроника
Тешко повредена жена од Струшко кога автомобил излетал од патот

На 5.9.2022, во 00.55 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај клучката за Славеј Планина, патничко моторно возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Н. З. (19) од с. Подгорци, Струшко, излетало од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката Р. С. (52) од с. Бороец, Струшко, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мајка му помагала на синот да криумчари мигранти, Судот им одреди притвор

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против четири лица од Гевгелија – Д.Т. (32), У.К. (24), Л.А. и В.Т. (50) – поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираше Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните информации, на 17 април 2025 година, првопријавениот Д.Т. на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, меѓу кои и дете од Кина, и ги предал на второпријавениот У.К. Во меѓувреме, третопријавената Л.А., мајка на првопријавениот, преку телефон ги известувала за движењето на полициските патроли за да им овозможи непречено криумчарење.
„Од Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, на првопријавениот и второпријавениот им беше изречена мерка притвор во траење од 30 дена, додека третопријавената доби мерка домашен притвор во траење од 30 дена“, соопштија од МВР.
Истрагата продолжува за целосно расветлување на случајот.
Црна хроника
Охриѓанец трага по сопругата, пријавил во полиција

На 25 април 2025 година, во 20:50 часот, во СВР Охрид беше пријавено исчезнување на 26-годишната М.К. од Охрид. Според информациите од полицијата, нејзиниот сопруг М.К. (38) пријавил дека таа се оддалечила од нивниот семеен дом.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а истрагата е во тек.
Полицијата апелира до граѓаните доколку имаат било какви информации поврзани со исчезнатата М.К. веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.
Црна хроника
Прилепчанец возел ем пијан, ем со забрана, полицијата го приведе

28-годишниот А.М. од Прилеп ноќеска е лишен од слобода откако бил фатен како управува автомобил под дејство на алкохол и со активна забрана за возење.
Според информациите од МВР, полициските службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, во 03.25 часот на улицата „7 Септември“ го сопреле патничкото моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки кое го управувал А.М.
По преземени мерки било утврдено дека возачот имал 1,80 промили алкохол во крвта, а дополнително било констатирано дека управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија.
А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.