Македонија
Нови 254 заразени со ковид, изминатите три дена починале четири лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 02.09 до 04.09.2022):
Направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 143, Битола – 22, Охрид – 11, Куманово – 10, Тетово – 9, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кичево и Кочани – по 5, Прилеп, Гостивар и Штип – по 4, Струмица и Гевгелија – по 3, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Струга, Делчево, Виница и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (254), регистрирани се 61 реинфекции.
Регистрирани сe 412 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Битола – 37, Куманово – 20 Охрид – 18, Прилеп – 13, Кавадарци – 10, Велес – 9, Тетово, Кочани, Струмица и Струга – по 7, Гостивар и Крива Паланка – по 6, Неготино и Богданци – по 5, Штип и Гевгелија – по 4, Крушево и Дебар – по 3, Кичево, Свети Николе и Берово – по 2, Ресен, Виница, Кратово и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (02.09 – 04.09.2022) пријавени се 4 починати лица, од Скопје (76г), Пробиштип (62г), Велес (88г) и Виница (86г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин нема регистрирани починати лица.
Направени се 1.308 тестови преку: ИЈЗ-176, ЦЈЗ Скопје-117, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-21, Авицена-26, Биотек-52, Систина-58, лабораторија Лаор-5, Синлаб-11, Ремедика-12, Плодност-11, Генеа-3, Никоб лаб-38, ВФВ Медикал-4, Ели Медика плус-8, Ројал медика–0, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб дијагностика–0, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 582.
Досега во земјата се направени вкупно 2.154.094 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.948, бројот на оздравени пациенти е 330.153, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.296
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 160300, Активни 606
Куманово 18119, Активни 43
Битола 17811, Активни 110
Прилеп 15389, Активни 53
Тетово 14426, Активни 45
Кавадарци 11992, Активни 41
Велес 10733, Активни 28
Гостивар 10264, Активни 21
Охрид 10264, Активни 68
Струмица 8762, Активни 16
Штип 8710, Активни 28
Кичево 6056, Активни 21
Кочани 5528, Активни 28
Струга 5165, Активни 12
Гевгелија 4851, Активни 10
Неготино 4120, Активни 11
Ресен 3006, Активни 12
Радовиш 2824, Активни 13
Свети Николе 2789, Активни 9
Крива Паланка 2639, Активни 14
Делчево 2170, Активни 44
Берово 1851, Активни 17
Дебар 1811 4
Валандово 1596, Активни 3
Виница 1480, Активни 9
Пробиштип 1298, Активни 1
Кратово 1103, Активни 7
Богданци 1099, Активни 3
Крушево 1026, Активни 7
Демир Хисар 925, Активни 1
Македонски Брод 794, Активни 6
Демир Капија 629, Активни 1
Македонска Каменица 534, Активни 3
Пехчево 515, Активни 1
Дојран 369, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во знак на поддршка за поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на кои им се суди во Хаг за воени злосторства.
Ахмети порача дека судскиот процес треба да заврши со ослободителна пресуда, оценувајќи дека обвинетите се соочуваат со обвинувања за дела кои, како што рече, не ги сториле.
Тој нагласи дека ОВК не била насочена против ниту еден народ, туку дека се борела за слободата на албанскиот народ.
„Време е нашите синови да се вратат дома. Нашите синови се невини, нашата борба е чиста. Војната на ОВК е света и затоа сите ние, големи и мали, мажи и жени, сме ОВК“, рече Ахмети .
Лидерот на ДУИ оцени дека, по Тирана и Приштина, и Скопје го покажало својот став со поддршката за, како што наведе, слобода и правда за поранешните припадници на ОВК.
Меѓу обвинетите во Хаг се поранешниот косовски премиер Хашим Тачи и поранешниот косовски претседател Јакуп Красниќи.
Македонија
Затворен сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 11:00 часот граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
За првпат во Македонија е изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за прв пат во Македонија е изведена комплексна хируршка интервенција кај 4-годишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет (Sprengel deformity), во соработка со проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција.
Интервенцијата претставува значаен чекор во јакнење на капацитетите на македонскиот здравствен систем за третман на ретки и сложени ортопедски состојби во детската возраст, преку тимска работа, пренос на знаење и примена на современи оперативни техники.
„Оваа интервенција е резултат на врвна мултидисциплинарна координација – ортопедски тим, анестезија, интензивна нега и ургентна поддршка – со јасен фокус на сигурноста и квалитетот на самата постапка. Благодарение на соработката со проф. д-р Уфук Ајдинли, направивме значаен исчекор во третманот на ретки конгенитални деформации кај деца. Нашата цел е овој тип процедури да станат стандарден дел од клиничката пракса во земјата, со континуирана едукација и развој на домашните тимови,“ вели директорот на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски.
Според министерот за здравство, Азир Алиу градењето доверба во здравствениот систем се прави со ваков вид на резултати, со знаење, со тимска работа и со создавање услови најсложените интервенции да се изведуваат во државата.
„Ова е пример како меѓународната соработка, размената на експертиза и знаење директно се претвораат во подобра грижа за пациентите. Министерството ќе продолжи да ја поддржува модернизацијата на клиниките, развојот на човечките ресурси и воведувањето современи медицински методи, со цел граѓаните да добијат модерен, функционален и одржлив здравствен систем“, вели министерот Алиу.
Спренгеловиот деформитет е ретка конгенитална состојба при која лопатката е поставена ненормално високо и е недоволно развиена поради неуспешна надолна миграција за време на ембрионалниот развој. Ова најчесто предизвикува видлива „испакнатина“ и ограничување на движењето на рамото. Состојбата неретко е поврзана и со други придружни наоди, како синдромот Клипел-Фил, сколиоза, а понекогаш и дополнителна коскена/влакнеста врска со ’рбетот (омовертебрална лента), поради што за прецизна дијагностика и планирање се користат снимања како КТ и/или МРИ. Оперативниот третман најчесто се резервира за потешки случаи во возраст од 3 до 8 години, со цел подобрување на функцијата и изгледот.

