Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски со шовинизам го брани скандалозното вработување во МНР
Димитар Ковачевски не само што не знае да ја води државата којашто ја потопија во криминал и сиромаштија, туку покажува и неразбирање на поими. Ковачевски со изнесениот став и обвинување за шовинизам, покажува дека лично тој е шовинист, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„ Едноставно, почувствувал потреба да ја брани нововработената во МНР како маж, според родова или полова припадност, а не да ги брани нејзините квалитети, да ги истакне нејзините квалитети и потребата од нејзино вработување во најпосакуваното министерство во Македонија, Министерството за надворешни работи.
Ковачевски во шовинистичката одбрана повторно не објасни како и зошто е вработена во МНР, како била ангажирана од повеќе институции во исто време дотичната Бесмира Ејупи? Нели Ковачевски не ја познаваше личноста што требаше да ја именува како генерален конзул во Њујорк?
Уште еднаш, Бесмира Ејупи е јавна личност, новинар, ангажирана од повеќе државни институции и општини од каде што добивала над 12.000 евра за една година и за што е отворен случај во ДКСК.
Ако јавното соопштување за вработувањето на несудената конзулка во МНР е шовинизам, тогаш Ковачевски очекувам да го осуди и отворањето на случајот во ДКСК за нејзините истовремени ангажирања во повеќе институции. Притоа очекувам Ковачевски да ја осуди за шовинизам и првата жена на ДКСК“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пренесување лица за гласање и агитирање пред избирачко место за Бојмацалиев се вообичаени за сите избори
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, го оствари своето демократско право на глас во Куманово.
„Штотуку го извршив моето граѓанско право, гласав на Претседателски и Парламентарните избори. Она што можам да го увидам е дека на гласачките места гласањето се одбива нормално, нема поголеми гужви, полицијата е присутна на терен. Иминатите 100 дена на техничка Влада ги посетив сите полициски станици ширум државата, констатиравме дека полицијата е подготвена, изборите ќе се одржат безбедно, а граѓаните ќе го дадат својот глас слободно”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој сподели информации за текот на изборниот процес во Куманово.
„На територија на Куманово немаме поголеми нарушувања на изборниот процес, има неколку пријави за пренесување на лица од едно до друго место за гласање, агитирање пред избирачко место, нешто што е вообичаено за сите избори во минатато”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека полицијата постапува по сите пријави.
„Полицијата има постапено по тие работи, ги процесуираме, на крајот на денот очекуваме изборите да завршат безбедно и мирно. Сепак, сме земја членка на НАТО, земја која претендира кон ЕУ и е добро да покажеме и на овие избори како граѓани дека сме на добар пат, а ние како полиција од 2017 година до денеска дека професионално ги обавуваме своите службени должности”, рече Бојмацалиев.
Македонија
Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово
На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето ќе продолжи со УВ ламба и спреј. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски рече дека на сите останати места гласањето се тече без проблеми.
„Што се однесува до избирачките места кои ова утро имаа проблеми со користење на техничките апарати, во три избирачки места се отстранети, а во три ќе се продолжи со гласање со УВ ламба и спреј. Тоа се 0838/1 во Кочани, 1252 во Охрид и 1100 во Куманово. Само на тие места ќе се гласа на стариот начин бидејќи на сите други места гласањето е во ред“, рече претседателот Даштевски.
Технички проблеми со биометриските уреди утрово беа пријавени и на гласачки места во Тетово и во Гази Баба.
До 11 часот во ДИК стигнале 164 приговори за лично избирачко право. Од нив 50 се усвоени и на гласачите им е овозможено да го остварат правото на глас, седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет приговори се одбиени. Останатите се уште се во обработка.
Македонија
Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто
Според податоците од 2080 избирачки места за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека од вкупно запишани 1.096. 219 гласачи на овие избирачки места гласале 141.087 гласачи односно 12,87 отсто.
Најголем одѕив за претседателските избори има во Пробиштип 27,85 отсто, а најмал е одѕивот во Липково 1,76 отсто.
„Може да се забележи дека во Источна и Централна Македонија многу повеќе гласачи гласале на претседателските избори отколку во Западна Македонија каде што процентот е многу низок“, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.
До 11 часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите за парламентарните избори од 1.976 избирачки места. Од вкупно запишани 1. 030.092 гласачи на овие избирачки места гласале 140.990 граѓани. Одѕивот е 13,69 отсто. Најголем одѕив на парламентарните избори има во Кривогаштани 28.38 отсто, а најмал е одѕивот во Врапчиште 5,2 отсто.
Претседателот Даштевски речe дека споредено со парламентарните избори во 2020 година на денешните избори има зголемување на одѕивот од 2,69 отсто.