Македонија
Ќе се санира Домот на културата „Билјана Беличанец” во Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го потпиша договорот со Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој, преку кое Министерството за локална самоуправа ѝ додели на Општина Кисела Вода средства во висина од 2.294.571,00 денар за санирање на Домот на културата „Билјана Беличанец“.
Со финансиско партнерство меѓу локалната самоуправа и оваа институција, ќе се извршат градежни зафати за санирање на штетите настанати поради неодржување на објектот, кои го направија речиси сосема нефункционален. Градежните работи ќе може да почнат по тендерската постапка, чие распишување е следен чекор на Општина Кисела Вода.
Во овој објект беше сместено некогашното кино во Кисела Вода. По темелната обнова во 2015 година, беше пренаменет во Дом на културата, кој потоа го доби името „Билјана Беличанец“. Сепак, поради одредени судски спорови, во владение на Општината беше предаден дури шест години подоцна, а во меѓувреме, поради несовесното управување на претходните општински власти, ова место поради штетите не можеше да се користи за она што беше предвидено – да биде центар на културата на локално ниво.
Со санацијата на Домот на културата „Билјана Беличанец“ културните манифестации ќе бидат достапни не само за жителите на Кисела Вода туку и на општините Зелениково, Сопиште и Студеничани и Аеродром, кои немаат кино и дом на култура, па целиот проект има и поширока регионална димензија. Дополнително, до овој објект е лоциран паркот „Македонија“, а во непосредна близина ќе се гради и затворен пазар, кој, освен што ќе им овозможи на граѓаните квалитетни услови за набавка на овошје и зеленчук, ќе има и модерна надворешност, па освен што се подобрува функционалноста, се подигнува и естетиката на овој дел од градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.

