Македонија
Грковска – Дајбл: Македонија и УСАИД имаат долгогодишна и плодна соработка, која дава конкретни резултати
Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Џери Дајбл, со која разговараа за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка.
Вицепремиерката Грковска изрази благодарност за поддршката што УСАИД ѝ ја дава на нашата земја во сите сфери, но особено во делот на дигитална трансформација на општеството, како и креирањето антикорупциски политики, проблематики на кои особено е фокусиран кабинетот на вицепремиерката Грковска.
Двете соговорнички разговараа за динамиката со која се имплементираат заедничките проекти, при што претставничката од УСАИД, Дајбл, оцени дека се отворени за унапредување на механизмите за имплементација, со цел да се обезбеди побрза реализација на проектите чија основна цел е зајакнување на капацитетите на институциите во интерес на граѓаните.
Дајбл ги поздрави редовните координативни состаноци меѓу надлежните институции за сајбер-безбедност и донаторите во оваа област, што месечно ги организира вицепремиерката Грковска, што придонесува за поефективно и покоординирано дејствување.
Двете соговорнички се договорија таква месечна координација да се организира и во делот на дигитализацијата, со што ќе се овозможи заемен координиран пристап во процесот на дигитална трансформација на општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)