Свет
Напад на синагога во Хановер за време на служба, имало 200 луѓе

За време на најголемиот еврејски празник, Јом Кипур, беше извршен напад на синагога во Хановер. Во моментот на нападот во синагогата имало од 150 до 200 луѓе.
Според весникот „Хановеранише алгемејна“ (ХАЗ), за време на богослужбата, синоќа, околу 19 часот, непознати лица фрлиле тврд предмет кон прозорецот на синагогата. Кон крајот на богослужбата присутните слушнале кршење стакло, а на прозорецот висок шест метри здогледале дупка.
Претседателот на еврејската заедница, Мајкл Фирст, изјави дека напаѓачите морало да влезат во областа околу синагогата. Тој додаде дека ова е првпат такво нешто да се случи во Хановер. Додал дека сè укажува на тоа дека некој ја прескокнал оградата за да го изврши нападот.
„Тоа не би можело да се деца“, рекол Фирст.
Инаку, Евреите во Германија сè уште се сеќаваат на атентатот во Хале пред три години на истиот празник кога тешко вооружениот десничарски екстремист Стефан Балиет се обиде да изврши крвопролевање во синагогата.
Тој фрли запаливи направи и експлозиви низ прозорецот на синагогата, го затвори прозорецот и уби случаен минувач пред синагогата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Речиси 13.000 работници од Филипините пристигнаа во Хрватска оваа година

Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, денес ја претстави Неделата на хрватско-филипинско пријателство во Манила со цел зајакнување на работничките права и обезбедување работни места, објави Министерството за надворешни работи.
Тој информира дека од вкупно 136.194 издадени дозволи за престој и работа од почетокот на годината до 30 септември, 12.809 работници, или 9,4 проценти, потекнуваат од Филипини. Ова ги става на четврто место, зад граѓаните на Босна и Херцеговина, Непал и Србија, според податоците од Министерството за внатрешни работи.
„Со оглед на растечкиот број филипински работници во Хрватска, луѓето претставуваат можеби највредниот аспект на сè поблиските односи меѓу двете земји“, изјави хрватскиот министер.
Свет
Украинци: Русите нападнаа четири камиони на ОН со хуманитарна помош

Руските сили нападнаа четири возила на мисијата за хуманитарна помош на ОН во заедницата Билозирка во регионот Херсон утрово, користејќи беспилотни летала и артилерија, објави началникот на регионалната воена администрација на Херсон, Олександар Прокудин, на Telegram.
„Русија уште еднаш го покажа своето вистинско, одвратно лице со напаѓање на хуманитарна мисија во регионот Херсон. Утрото, во Билозирка, руските сили намерно ги погодија камионите на хуманитарната мисија на ОН со беспилотни летала и артилерија. Тие четири бели возила беа јасно обележани – тоа не беа воена опрема, туку камиони што доставуваа помош до жителите“, рече тој.
Според Прокудин, едниот камион бил целосно уништен во пожарот, другиот сериозно оштетен, додека преостанатите два успеаја да избегаат од нападот. Никој не е повреден.
„Денес, „втората армија на светот“ уништи неколку тони хуманитарна помош. Терористи – нема што повеќе да се каже“, нагласи тој.
фото: принтскрин/телеграм
Свет
Лукашенко: Подготвен сум за голем договор со Америка

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е подготвен за голем договор со САД нагласувајќи дека Украина мора да остане независна и да не создава проблеми или закани за никого.
Информацијата ја објави белоруската државна новинска агенција „Белта“ по состанокот за развојот на белоруско-американските односи, пишува „Украинска правда“.
Лукашенко нагласи дека политиката за обновување на односите со Вашингтон мора да се базира исклучиво на интересите на Белорусија.
„Без сомнение, нашата политика за обновување на односите со САД исто така мора да се базира исклучиво на белоруските интереси… Ќе чекаме на нивните големи предлози, на голем договор… Подготвени сме да склучиме голем договор со нив“, рече тој.
Тој додаде дека е подготвен за преговори. „На едната страна од вагата се нивните прашања, барања и тврдења; на другата страна се нашите прашања и тврдења. Ќе работиме ли на нив? Ајде да го направиме тоа. Ние сме подготвени за тоа“.
Иако рече дека е задоволен од предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, тој нагласи дека интересите на Белорусија мора да се земат предвид.
Коментирајќи го ставот на Вашингтон за постигнување мир во Украина, сојузникот на Кремљ рече дека Украина „мора да постои како суверена, независна и мирна држава“.
„Ние сме за запирање на војната сега. Во спротивно, оваа независна суверена држава (Украина) ќе исчезне…“, рече Лукашенко. „Ако Американците сакаат да го решат конфликтот во Украина и да видат некаква улога за нас во него, дури и мала, ние сме подготвени да учествуваме. Го искажавме нашиот став: мир, мир и само мир“.
Тој исто така ги спомена своите неодамнешни средби со Владимир Путин тврдејќи дека руското раководство, кое води војна против Украина три и пол години, е посветено на мирот.
Лукашенко предупреди дека „ниту една ракета ‘томахавк’ нема да реши ништо“ и дека нивната употреба само би ја ескалирала ситуацијата кон нуклеарна војна.
„Претседателот Доналд Трамп го разбира ова подобро од кој било друг бидејќи не брза да го предаде ова смртоносно оружје за длабински напади на руска територија, на што смета претседателот Зеленски“, додаде тој.
Овие изјави доаѓаат по низа дипломатски активности. Во јуни Лукашенко се сретна со Кит Келог, специјалниот претставник на Доналд Трамп за Украина, во Минск, по што белорускиот режим ослободи 14 политички затвореници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна разговараше телефонски со Трамп во два наврати, а медиумите известуваат дека една од темите била евентуалното стекнување на ракети Томахавк. Кремљ изрази сериозна загриженост за можноста, а Зеленски рече дека притисокот од таква испорака би можел да помогне во завршувањето на војната.