Контакт

Топ

Со мотор загина 14-годишно момче од прилепско

Објавено пред

Во сообраќајна несреќа во село Новоселани загина 14-годишен мотоциклист.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, сообраќајната несреќа се случила меѓу патничко возило „опел астра“, управувано од В.Р.(18) с.Заполжани, кој го напуштил местото, но набрзо бил пронајден и приведен, и мотоцикл „шинерај“, управуван 14-годишник од истото село, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија

Пронајдени 1.408 пушки од балканските војни при градежен зафат во Битола

Објавено пред

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување на градежни земјени работи пронајдени се 1 408 пушки од минатите балкански војни.

dobivaj vesti na viber

Пушките се подигнати и складирани на безбедно од страна на ДЗС Битола.

Се предупредуваат граѓаните ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани бојни средства (НУС) од минатите војни да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да ја пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, а потоа надлежните за НУС од Системот за управување со кризи безбедно ќе ги отстранат и неутрализираат, согласно стандардни оперативни процедури.

Прикажи повеќе...

Свет

Шпанија, Ирска и Норвешка, денеска, и официјално ќе ја признаат Палестина

Објавено пред

Шпанија, Ирска и Норвешка и официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 140 од 193-те земји членки на Обединетите нации ја признаваат палестинската држава вклучувајќи го најголемиот дел од глобалниот југ – Русија, Кина и Индија.

Мадрид, Даблин и Осло ја опишаа својата одлука како начин да се забрзаат напорите за обезбедување прекин на огнот во војната на Израел со Хамас во Газа.

Иако декларацијата на трите земји е главно симболична, тие се надеваат дека ќе ги охрабрат и другите земји од ЕУ да го следат примерот.

Шпанија и Ирска ќе бидат најголемите и политички највлијателните земји во 27-члениот блок што ја признаа палестинската држава, приклучувајќи им се на Шведска, Кипар, Унгарија, Чешка, Полска, Словачка, Романија и Бугарија.

Велика Британија, Австралија и членката на ЕУ, Малта, во последните месеци навестија дека можеби ќе го следат примерот.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека словенечката влада в четврток ќе донесе одлука за признавање на палестинската држава по што одлуката ќе биде испратена до парламентот на конечно одобрување.

Но, Франција рече дека сега не е време да се признае палестинската државност, а Германија му се придружи на најверниот сојузник на Израел, САД, во отфрлањето на едностраниот пристап инсистирајќи дека решението за две држави може да се постигне само преку дијалог.

„Се надеваме дека нашето признавање и нашите причини ќе придонесат другите западни земји да го следат овој пат бидејќи колку повеќе сме, толку повеќе ќе имаме моќ да воведеме примирје“, рече премиерот Педро Санчез на 22 мај.

Трите земји ја признаваат палестинската држава во границите што треба да бидат демаркирани како пред 1967 година, со Ерусалим како главен град на двете држави.

Прикажи повеќе...

Македонија

На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

Објавено пред

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, соопшти партијата.

На седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Пронајдени 1.408 пушки од балканските војни при градежен зафат во Битола

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување на градежни земјени работи пронајдени се...

Свет3 часа

Шпанија, Ирска и Норвешка, денеска, и официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка и официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел. Повеќе од 140...

Македонија15 часа

На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30...

Македонија16 часа

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир....

Македонија18 часа

Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм...

Македонија20 часа

Хируршките сали на Клинички остануваат затворени: Системот за воздух мириса и без хаварија, примероци од гасот испратени во Германија  

Лабораторија во Германија ќе утврдува зошто без хаварија во системот се јавува миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран...

Македонија21 час

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија: Открив дека 170 пациенти не се внесени во „Мој термин“, за нив нема отпусни писма ни умреници

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски . Открил дека во Клиниката...

Топ23 часа

Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј....

Македонија1 ден

Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај

Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото...

Македонија1 ден

Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...

Топ1 ден

Еден убиен, двајца повредени во пукање на т.н. пластичарска улица

Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска...

Свет1 ден

(Видео) Израел му одговори на Хамас со ракетен напад; Хамас: Погоден е камп, убиени жени и деца

Министерството за здравство на Хамас објави дека десетици луѓе загинале или се повредени во експлозија во бегалски камп во областа...

Свет1 ден

(Видео) Торнада опустошија неколку делови на САД, десетина мртви

Торнада кои го зафатија централниот дел на САД усмртија најмалку десетина луѓе и оставиле трага на уништување, а синоптичарите предупредуваат...

Европа1 ден

(Видео) Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу...

Македонија2 дена

Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев

Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во...

Македонија2 дена

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“ во мрак, луѓето со блиц од мобилен минуваат на пешачки (ВИДЕО)

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж...

Македонија2 дена

Детали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)

Четирите лица, меѓу кои и седумгодишно дете се лоцирани и најдени, соопштија утрово од ЦУК. Ноќната спасувачка акција не била...

Македонија2 дена

Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња

Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35...

Македонија3 дена

Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес

Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно...