Црна хроника
Едно лице приведено, пронајдени пиштол и муниција при претрес во Тетово
Синоќа во 20.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.К.(32) од Тетово.
Имено, по претходна судска наредба бил извршен претрес во домот на Л.К.(31) и Б.К.(33), двајцата од Тетово, во угостителски објект кој работел во состав на куќата, полициските службеници кај К.К.(32) од Тетово пронашле пиштол „хеклер“ калибар 9×19 мм со рамка со 10 куршуми калибар 9 мм.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Охридско агресивно се однесувал кон неговиот татко
Во СВР Охрид, вчера во 17:10 часот е пријавено дека Ж.Ш. од охридско село, во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична пријава за две лица од Дебар
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.
На 13.10.2025 на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја затекнаа В.Б. како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил Б.Б..
Двајцата беа лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот поднесена им е пријавата, соопшти полицијата.
Црна хроника
Пукање во Студеничани, полицијата спречена од толпа да го уапси сторителот
Вчера во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух.
Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

