Топ
Воз прегази мигрант во близина на Миравци
Денеска во раните утрински часови, поточно во 01.07 часот било пријавено дека околу 00.15 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, во близина на с.Миравци, удрил во лице кое лежело на пругата.
Од страна на полициски службеници било излезено на местото и било утврдено дека станува збор за 30-годишно лице мигрант.
Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет
Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и преку бојкот сакаше да се факторизира. ДУИ изгуби, бојкотот не им е успешен, извесно е дека одат во опозиција, изјави Тимчо Муцунски, на првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по гласањето на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.
„Пропадна сценариото да се создаде криза во државата, се радуваме што е постигнат цензусот, извесно е дека Давкова е новиот претседател. Очекуваме уште подобар резултат од првриот круг, и уште вечерва да биде јасна сликата како ќе изгледа идната Влада на Република Македонија. Очекуваме да имаме резултат што ќе го отслика опозициското расположение во државата“, рече Муцунски додавајќи дека ДУИ е дел од криминална власт што станува минато.
Како што рече, народот излегол за да си ја врати Македонија, односно контролата врз системот бидејќи државата наместо на елитите треба да му припаѓа на народот.
ВМРО-ДПМНЕ оцени дека дека изборниот ден генерално поминал мирно, со поединечни нерегуларности. Муцунски објави дека неколку функционери биле фатени во илегални активности со поткуп и ги повика интитуциите да истражат и да го испитаат потеклото на парите.
Македонија
(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните
Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО со почнати преговори за Европската унија. Констатирани се одредени неправилности, но сметаме дека се тие со незначителни во овој изборен процес, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Правото на глас и слободното одлучување се најзначајни придобивки во демократијата, додаде Кузеска.
Таа упати благодарност до граѓаните кои денеска гласаа, а изборите ги оцени како слободни, мирни, демократски и достоинствени.
Кузеска кажа дека граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму.
Прашана како го коментира скриениот бојкот во општините каде што има доминантно албанско население, портпаролката на СДСМ кажа дека како настапила секоја партија на овие избори треба да одговори пред граѓаните и пред себе.
„СДСМ од самиот почеток повикуваа на масовност, граѓаните да го искористат својот глас. СДСМ никогаш не бил кочничар на било кои процеси кои ја носат државата напред“, рече Кузеска.
Македонија
Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да излезат и масовно да гласаат затоа што според него само на тој начин може да се одлучува за заедничката иднина.
Потенцира дека масовната излезност е глас и одлука за иднината на „нашите семејства и иднината на нашата татковина“.
Упати уште една порака и потсети дека за време на кампањата предупредувал на две можни сценарија кои денеска како што рече, се гледа дека се реалност“.
„Првото сценарио е на онаа група политичари кои во своето име го имаат зборот европски а од европски немаат ниту „Е“. Тие за жал се уште се заглавени во минатото, во 18 век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики на овие политичари кои ја злоупотребуваат Европа. Уверен сум дека и Европа се срами од овие луѓе“, рече Мицкоски.
Изрази благодарност и до медиумите, за како што рече, истрајноста и издржливоста во 35 дневната исцрпувачка кампања.
Прашан кој ќе биде неговиот став во врска со Косово, Мицкоски одговори дека нивниот став е многу јасен.
„Не знам дали во Косово ја имате таа информација дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја призна независноста на Косово, или уште верувате на лагите на Артан Груби и Али Ахмети“, одговори Мицкоски.