Црна хроника
Приведен крадец, одземеното ќе биде вратено на сопственикот
Вчера во 19.00 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Чаир бил лишен од слобода В.Б.(43) од с.Агино Село, поради тоа што бил затекнат на извршување кривично дело „кражба“ во правен субјект, каде бил вработен.
Од него биле одземени две цистерни и приколка, како и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело, прикачени на патничкото возило „фолксваген туаран“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, кои ќе бидат вратени на сопственикот.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Со скалпел го исекол на вратот и увото: обид за убиство на малолетник во тетовско
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му посекотини со скалпел кај вратот и десното уво. Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело.
Црна хроника
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено едно лице
Полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, денеска извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид.
МВР соопшти дека претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и кривично дело „изнуда“.
„Се преземаат и дополнителни мерки и активности во координација со јавен обвинител, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, извести МВР.
Црна хроника
Магистралниот пат Крива Паланка – Куманово е во прекин поради сообраќајна незгода
АМСМ со вонреден извештај за состојбата на патните правци.
Од 10:30 ч. сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај м.в.„Миоли“, е во прекин во двата правци за сите видови возила, поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.