Контакт

Надворешна политика

Јолевски: Членство во НАТО ќе придонесе за јакнење на мерките на довербата меѓу Македонија и Грција

Објавено пред

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на покана на Атлантскиот совет, учествуваше на конференцијата „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“ на  третиот панел посветен на „Иднината на проширувањето: Дали вратите на НАТО се сèуште отворени“, која се одржува во Вашингтон. 

dobivaj vesti na viber

На самиот почеток Јолевски упати честитка до Црна Гора за добиената покана, но и до земјите членки на НАТО за упатената покана. „Оваа покана е многу важна затоа што се испраќа пораката дека вратите на НАТО остануваат отворени“ рече министерот Јолевски кој додаде „Колку повеќе е НАТО во Југоисточна Европа, толку постабилен е регионот“.

Во своето обраќање на панелот министерот Јолевски истакна дека изминатите две декади Македонија докажа дека од консумент стана земја која придонесува за светскиот мир и безбедност. „Македонија покажа дека македонските војници рамо до рамо со останатите војници од Алијансата се борат за вредностите што ги споделуваме и дека е партнер на НАТО на кого може да се ослони. Реформите што ги правиме во одбраната  се важни за НАТО аспирациите, но многу поважни  за нас самите. Да имаме силна и мобилна Армија е многу важно за Македонија  и за целиот Регион. Со акцискиот план за членство во НАТО се јакне општество, демократските институции, и покажуваме капацитет дека ги споделуваме истите вредности“, додаде Јолевски.

Во однос на поставеното прашање за нашето членство, Јолевски одговори: „Свесни сме за проблемот со нашиот јужен сосед за разликите околу името, но истовремено сме и сериозно посветени за изнаоѓање заеднички прифатливо решение. Упатувањето покана на самитот во Варшава за Македонија во НАТО ќе помогне за јакнење на мерките на доверба меѓу двете земји. За нас членството во НАТО е како двонасочна авенија. Од една страна ние даваме поддршка на НАТО и нашите сојузници во напорите за воспоставување мир и стабилност на други места во светот, а од друга страна нашите војници се стекнуваат со многу големо искуство. Тоа се покажа и при справувањето со мигрантската криза“.

Хаки Абази, програмски директор за Западен Балкан при Фондацијата на браќата Рокфелер, рече дека ова е историска можност да се заштити тоа во што е вложувано последниве 15 години на Балканот, да се покаже дека демократијата може да се развива во Балканот, но и заради безбедноста на Европа. Тој додаде дека на претстојниот самит во Варшава најнапред треба да се прослави приемот на Црна Гора и да се покани Македонија.

Јолевски, исто така, пред почетокот на Конференцијата имаше средба со претставници на бордот на Атлантскиот совет, со министрите за одбрана на Црна Гора и Грузија и министерот за надворешни работи на Грузија и неколку амбасадори на која се разговараше за потребата процесот на проширување на НАТО да продолжи, за потребата од лидерство на САД во овој процес, а стана збор и за позициите на претседателските кандидати во поглед на НАТО. Притоа ја поздрави иницијативата на Атлантскиот совет да се отвори дискусија за проширувањето на НАТО во Вашингтон, еден месец пред Самитот во Варшава.

Покрај учеството на конференцијата, Јолевски оствари средба и со Роберт Бенџамин, регионален директор за Централна и Источна Европа при Институтот за национална демократија. На средбата стана збор за политичката состојба во Македонија Во текот на денешниот ден министерот Јолевски ќе оствари средби во Пентагон и Херитиџ Фондацијата./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

ВЛЕН: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...

Свет2 часа

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напади во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија2 часа

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја...

Македонија12 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија18 часа

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија20 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет20 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија21 час

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија22 часа

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија22 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ23 часа

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа1 ден

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет1 ден

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа1 ден

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија1 ден

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија2 дена

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет2 дена

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ2 дена

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион2 дена

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...