Црна хроника
Директор на филијала на ТТК Банка од Штип крадел од клиенти

Директор на филијалата на ТТК Банка во Штип и раководител на експозитура во Пробиштип со фалсификувани налози вадел пари од трансакциони сметки на клиенти на банката.
Како што соопшти во петок МВР, 34 годишниот А.Ј. во период од 2008 година до февруари 2012 година во повеќе наврати со налози без потпис и фалсификувани налози за пренос и подигање на готовина, извршил нелегални трансакции преку трансакциони сметки на повеќе правни и физички лица-коминтенти на „ТТК Банка“, нанесувајќи штета на „ТТК Банка“ во вкупен износ од 11.685.248 денари.
Во друг случај, 52 годишната Ј.М. од Ресен, вработена како контролор во Пошта во Ресен, во два наврати изготвила лажни налози за исплата на готовина од штедна книшка од Поштенска банка на лице од Ресен и без негова согласност подигнала 95.000 денари, противправно присвојувајќи ги. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот