Македонија
Герасимовски: Граѓаните може да пополнат онлајн прашалник и да предложат проекти за својата населба

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повика граѓаните кои не се во можност да ги посетат трибините „Заедно одлучуваме“ на кои се предложуваат проекти за потребите во својата населба тоа да го направат онлајн.
Пополнување на Анкетниот прашалник овозможува зголемено учество на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво и подготовка на програмите за работа и буџетот на Општина Центар за 2023 година.
Учество на Анкетниот прашалник можат да земат сите жители на општината и да предложат дополнителни проекти и истите по важност да се приоретизираат.
Воедно одговорите на овој прашалник ќе бидат разгледани и според важноста и потребите вградени во креирањето на општинските програми за работа за следната година.
Во прилог на ова соопштение доставуваме и линк до Анкетниот прашалник за креирање на Програмите за работа на општина Центар за 2023 годинa.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.