Македонија
(Видео) Ковачки: Магиите на Тунџев не помогнаа, постои хациенда на земјиште кое до 2020 година било во сопственост на Петровска
На вчерашната прес конференција Петровска призна дека била сопственик на парцела која ја продала пред 10 години. Демантот на оваа информација на Петровска стигна од директорот на Катастар кој јавно изјави дека земјиштето било продадено во текот на 2020-та година, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„ Значи парцелата не била продадена пред 10 години туку пред не цели 2 години. Дали парцелата која неспорно е сопственост на Петровска била пријавена во Анкетниот лист, која била должна да ја пријави? Секако не? Зошто?
Сега за втората лага.
Незадоволни од изјавата на Петровска СДСМ одлучи доцна вечерта да го активира и директорот на катастар со задача да и биде спасител, односно да ја убеди јавноста дека на лице место не постои објект.
Ако пет години директорот на катастар спие не значи дека Google спие. Во прилог ви прикажувам слики од кои може да се види целата историја на објектот. На првата слика може да видите дека до 2007 година на парцелата не постои никаков објект. На следната слика може да се види дека во 2009 година без никаква градежно техничка документација министерката Петровска гради објект. Значи на снимката од Google за првпат е регистриран објект на парцела која неспорно е сопственост на министерката Петровска.
Токму во овој период е и систематското запишувања на правата на недвижности од страна на катастарот, кој согласно правилниците кои се објавени во Службен весник, Петровска била посетена од службениците, ги пуштила да влезат во објектот истите ја измериле внатрешната површина и им соопштила дека таа е сопственик на објектот, истите тоа го запишале и ја повикале градежната дозвола и проектот за објектот треба да ги донесе во катастар“ изјави Ковачки.
Според него, доказ за тоа е Пописниот лист за објект, кој до ден денес постои во катастарската евиденција. Пописниот лист е доказ дека Славјанка Петровска не поседува градежнотехничка документација односно на нејзината парцела изградила дивоградба.
„ Според Google во 2012-тата година покрај куќата Петровска гради и базен! Да потсетам само дека во 2011-та година по донесувањето на Законот за легализација на дивоградбите, донесени се измени на Кривичниот законик каде бесправното градење е кривично дело. Значи ова е првото кривично дело. Според Google во 2016-тата година Петровска гради помошен објект кој исто така е дивоградба, значи уште едно кривично дело бесправно градење.
Магиите на директорот Борис Тунџев не помогнаа, на лице место постои хациенда изградена во периодот од 2009-та до 2016-тата година на земјиште кое до 2020-та година било во сопственост на Петровска. Во катастарската евиденција до ден денес се води дивоградбата на име на Петровска, а таа ниту земјиштето, ниту објектот не го пријавила во антикорупциската комисија, и можеби најважното до последните избори од минатата година 2021 година место на живеење на Петровска е токму овој објект односно оваа луксузна хациенда и истата гласа на избирачко место бр. 2948/1 токму во Радишани.
Овде имаме многу јасна ситуација – има хациенда со базен, која во системот на Агенцијата за катастар е запишана на име на Славјанка Петровска. Тој податок е актуелен и не е променет. Еве го деталниот преглед на податоци за имотниот лист број 117, кој постои во системот на Катастар, и од кој јасно се гледа името на Славјанка Петровска.
Петровска после ваквиот чин на прикривање на сопствениот имот и служејќи се со манипулации и навреди кон оние кои ја зборуваат вистината докажува дека бега од одговорност. Јавноста чека одговорност од Петровска, а потоа таа треба да остане доследна на своите ветувања и да каже кога ќе ја подари луксузната хациенда на здруженијата на бранителите“ порача Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа.
„Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари“, истакна Герасимовски.
Во рамки на поддршката за учениците, повозрасните ученици ќе имаат можност за бесплатна екскурзија преку проектот „Сакај ја Македонија“.
Герасимовски, исто така, најави дека од септември, со почетокот на новата учебна година, сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен, здрав и квалитетен оброк.
Општина Центар за оваа година предвиде средства и за почеток на капитални инвестиции за изградба и реконструкција на два затворени базени во рамки на основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.
„Со овие мерки Општина Центар испраќа јасна порака дека вложувањата во образованието, талентот и поддршката во секое дете, останува еден од највисоките приоритети“, вели Герасимовски.
Македонија
Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата
За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата.
„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Треба да говориме отворено и без лажни наративи“, пишува Вељаноски на социјалните мрежи.
Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија.
„Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.

