Црна хроника
Средношколецот од Велес бил прободен по грешка?
Средношколецот кој што претпладнево беше прободен со нож во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес најверојатно бил прободен по грешка
Инцидентот се случил во првата смена. Според сигурносните камери напаѓачот во училиштето влегол во 10:53, а излегол три минути подоцна. Во тој период започнал вербална расправија со двајца ученици кои стоеле во ходникот.По кавгата тој извадил нож и го забил во левото рамо на еден од учениците кои најверојатно не бил предмет на расправија тука стоел со другарот кој имал нерасчистени сметки со напаѓачот.По нападот учениот е пренесен во општата болница каде му е санирана убодната рана длабока десет сантиметри.„Околу 12 часот во болницата е донесен ученик од ова училиште со убодна рана која му е санирана и потоа тој е пуштен на домашна нега, откако претходно му се направени сите потребни прегледи“ вели Д-р Весна Чадиева портпарол на општата болница во Велес.Настанот се случил пред многу сведоци од училиштето. Идентитетот на напаѓачот според полицијата лесно ќе се открие бидејки настанот е снимен од сигурносните камери. Полицијата има осомничен по кој трага.„Имало многу ученици кои можат да потврдат. Сега засега имаме еден осомничен кој откако ќе го донесеме на разговор можеме да потврдиме дали тој е сторителот“вели Анита П. Стојковска портпарол на СВР Велес.Од училиштето Коле Неделковски денеска го осудија настанот, но не сакаат да говорат пред камера. Директорот вели дека и покрај поставените камери на училиштен одбор ќе се разгледува идејата да се воведе и физичко обезбедување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.