Црна хроника
Нов инцидент во средните училишта-уште еден средношколец прободен во Велес
Еден средношколец претпладнево е прободен со нож во средното училиште Коле Неделковски во Велес
Според првичните информации на полицијата, седумнаесетгодишниот средношколец, ученик во трета година, бил прободен со остар предмет, од страна на друг средношколец кој учел во друго средно училиште во Велес.По нападот детето било пренесено во болница од страна на професор кој се нашол на местото на инцидентот. Првично детето не е во животна опасност.Ова е трет инцидент во средните училишта за три дена. Завчера маскирана вооружена група нападна четворица ученици и еден професор во средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска.Вчера пак со нож беше прободен средношколец од ветеринарното училиште Браќа Миладинови во скопско Драчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.