Македонија
Рашковски со кривични пријави за обвинители за сторени пет кривични дела
Судијата што одредил мерка притвор за Драги Рашковски и Даниел Станчев бил донесен свесно во заблуда од страна на обвинителките бидејќи не му доставиле целосни докази, а прикажале и лажни искази, велат од правниот тим Рашковски.
„На 15.4.2021 година, како основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, првопријавената поднела предлог за определување мерка притвор против Драги Рашковски и Даниел Станчев, како и предлог за определување мерки за претпазливост кон Ивица Димитровски и Игор Христов со генералии како во предлогот.
Притоа првопријавената кон судот доставила само дел од материјалите, кои како материјален доказ ги има прибрано во предистражната постапка. Некои од нив ги доставила во нецелосен облик како што се прибавени, а поголем дел од нив воопшто и не ги доставила кон таквиот предлог. Првопријавената заедно со второпријавената како нејзина претпоставена, но и како јавен обвинител што ја водел предистражната постапка и до неа биле доставувани материјалните докази, ги скриле и не ги доставиле до судија на претходна постапка сите прибрани материјални докази.
Материјалните докази што не биле доставени утврдуваат сосема поинаква фактичка состојба, со што на судијата на претходна постапка му прикажале лажни и нецелосни докази, со цел да го доведат во заблуда и од неа да предизвикаат носење решение како во диспозитивот.
Двете пријавени дејствувале координирано и заеднички, при што свесно направиле селекција на материјалите, свесно сугерирале допишување во доказниот материјал, кои не се утврдени со никаква законска постапка.
Двете пријавени свесно и злонамерно ја искористиле својата службена положба и овластувањето и таквите селектирани информации ги изнесувале во јавноста со цел да создадат лажна перцепција во јавноста со лажно обвинување за сторено кривично дело.
Првопријавената во соработка со второпријавената, иако сами ги побарале доставените документации, тие не ги приложиле кон пописот на списите што го доставиле до судијата на претходна постапка, а наместо тоа, доставиле материјали што се прибавени со истите барања, но се без никаква важност во одлучувачкиот процес“, наведуваат од правниот тим на Рашковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

