Црна хроника
Двајца велешани украле 500 килограми бакар од фабрика кај Згрополци

Двајца велешани 27-годишниот К.Б. и осум години повозрасниот И.Н. успеале да украдат 500 килограми бакар од фабрика на скопската фирма Метрудхем лицирана во село Згополци
Во кругот на фирмата влегле одкако ја пресекле бодликавата жица соц која била оградена ,а потоа со бонсек исекле бакарен кабел во различни димензии со тежина од половина тон. Двајцата крадци потоа избегале во куќата на прво пријавениот К.Б. каде требало да го изчистат кабелот ,со намера да го продадат во некој од отпадите.Но во намерата не успеале ,затоа што полицијата успеала да ги пронајде. До основното јавно обвинителство денеска им е поднесена кривична пријава за „тешка кражба“. Полицијата во меѓувреме го одземала бакарот и алатите со кој е извршена кражбата.Од скопската фирма Метрудхем потвруваат дека со кражбата им е нанесена штета во висина од 740 000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.