Контакт

Европа

Франција изврши масивен удар врз IS во Сирија, Оланд сака вонредна состојба на три месеца

Објавено пред

Воздухопловните сили на Франција извршиле масивен напад врз позициите на терористичката групација Исламската држава во Сирија, која ја презема одговорноста за крвавиот масакр од петокот вечерта во француската престолнина Париз во кој се убиени најмалку 132 лица, а претседателот Франсоа Оланд им порача дека сака да ја продолжи воената состојба и нејзиниот опсег.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти во неделата вечерта француското министерство за одбрана, борбените авиони кусо време претходно во нападите лансирале 20 проектили и успеале да уништат команден пункт и камп за обука на терористите на Исламската држава во близина на Рака, град кој џихадистите го сметаат за центар на нивниот „Калифат“ што го прогласија на територијата што ја контролираат во Сирија и соседен Ирак.„Нападот кој вклучуваше 10 млазни авиони изведен е истовремено од Обединетите Арапски емирати и Јордан. Прв во овој напад беше уништен команден центар на групата Исламска држава, кој исто така бил користен и како центар за регрутирање доброволци како и за чување оружје и муниција. Вториот уништен објект камп за обука на муџахедини“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Франција за нападот изведен во координација со американските сили.Малку претходно во неделата францускиот претседател Франсоа Оланд побара парламентарните челници вонредната состојба прогласена ноќта кон саботата веднаш по крвавите напади во Париз да се продолжи на три месеца и да се прошири нејзиниот опфат, изјавија за AFP неколку парламентарни извори.Француската влада во среда ќе расправа за предлогот за измена на законот од 1955 година за вонредна состојба, за да се измени нејзиниот опсег и траењето, кое сега е ограничено на 12 дена, без гласање во Националното собрание, им најавил Оланд на парламентарните и партиските челници.„Ни кажа дека сака вонредната состојба да трае три месеца најмалку“, изјавија неколку челници, меѓу кои Бруно Ререјеу, претседател на републиканската фракција (десница) во Сенатот и Емануел Косе, државна секретарка од редовите на Зелените.Продолжувањето на вонредната состојба повеќе од 12 денови може да се одобри само со  носење закон за кој гласа парламентот кој го одредува неговото конечно траење.Трите групи џихадисти извршија симултани терористички напади на најмалку шест локации во француската престолнина во кои досега се потврдени 132 жртви, но овој биланс може да се зголеми имајќи предвид дека о критична состојба се повеќе од 90 лица од над 350-те ранети.Вонредна состојба во Франција е воведувана неколкупати во текот на Алжирската војна, од ноември 1954 година до март 1962 година, и потоа е прогласена само уште двапати, во 1985 година во Нова Каледонија за време на судирите на овој француски остров во Тихиот Океан и во 2005 година кога доселеничките предградија на француските градови беа зафатен од безаредија./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

Градоначалникот на Киев: Имаме огромен проблем со војниците

Објавено пред

Украина се соочува со критичен недостиг на војници, бидејќи рекорден број мажи ја напуштаат земјата и одат за Европа, предупреди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју, пишува Политико.

dobivaj vesti na viber

„Имаме огромни проблеми со војниците – со човечките ресурси“, изјави Кличко за Axel Springer Global Reporters Network, признавајќи го данокот што речиси четиригодишната војна го нанесе врз способноста на Украина да ги пополни своите редови.

Руските сили, рече тој, неуморно напредуваат, опишувајќи ги нивните напади како „како компјутерска игра – тие само продолжуваат да доаѓаат, не им е гајле за паднатите војници“.

Кличко има предлог
Според сегашните правила, Украинците можат да бидат мобилизирани од 25 години, но Кличко верува дека ова треба да се промени. „Во минатото, 18-годишниците служеа во војска – но тие се деца“, рече тој. „Моментално во Украина можете да мобилизирате само од 25 години. Тоа би можело да се намали за една или две години – на 23 или 22 години.“

Овие изјави одразуваат растечка загриженост за масовното иселување на млади мажи од земјата. Владин декрет издаден во август со кој им се дозволува на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата се совпадна со нагло зголемување на бројот на Украинци кои бараат заштита во Европската Унија.

Најновите бројки покажуваат дека земјите од ЕУ одобриле повеќе од 79.000 барања за привремена заштита во септември, што е највисока месечна бројка за две години, со најголеми зголемувања регистрирани во Германија и Полска.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден е на 28 години затвор

Објавено пред

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор за силување и сексуално напаѓање девојчиња што ги регрутирал преку „Снапчат“.

dobivaj vesti na viber

Пол Липскомб, 51, користел лажни профили за да ги намами жртвите, па дури и продавал видеа од злоупотреба на деца генерирани од вештачка интелигенција на веб-страница, објавува „Скај њуз“.

Мрежата на криминал почнала да се расплетува откако 15-годишно девојче, кое било пријавено како исчезнато, ѝ кажало на полицијата дека е силувано.

Обвинителката Фрида Хусеин КЦ изјави пред Крунскиот суд во Лестер дека Липскомб бил уапсен во април 2024 година под сомнение за киднапирање откако полицијата го запрела неговиот автомобил. Девојчето исчезнало од својот дом доцна во ноќта, а Липскомб ја зел и ја однел во хотел.

Полицијата подоцна го пронашла детето на изнајмена адреса, а при претресот на хотелот, автомобилот и неговиот дом биле откриени докази за сексуална злоупотреба, вклучувајќи меки играчки, средства за врзување, вотка и неколку мобилни телефони. „Тој обвинил други луѓе за сериозни кривични дела само за да ги прикрие сопствените злосторства“, нагласи обвинителот.

„Тој беше интелигентен, досетлив и добро организиран“
При изрекувањето на пресудата, судијата Кит Рејнор му се обрати на Липскомб, велејќи дека е „интелигентен, самоуверен, досетлив и добро организиран“ и дека неговите жртви се „вистински ранливи“.

„Доказите покажуваат дека сте биле лукави, интригантни и манипулативни. Бевте дрски во вашето криминално однесување и преземавте многу високи ризици. Сексуалната злоупотреба на млади девојки беше опсесија во вашиот живот“, рече судијата.

Тој се изјасни за виновен
Пол Липскомб се изјасни за виновен за 34 кривични дела и шест девојчиња на возраст од 12 до 15 години, извршени помеѓу септември 2023 и април 2024 година. Обвиненијата вклучуваат силување на дете под 13 години, 21 обвинение за сексуална активност со дете и правење и дистрибуција на непристојни фотографии од деца.

Тој беше осуден на 28 години и еден месец затвор. По неговото ослободување, тој ќе биде под надзор три години и ќе биде ставен во регистарот на сексуални престапници доживотно.

Полицијата се сомнева во нови жртви
Сепак, истрагата продолжува. Детективката Лорен Спејт од Единицата за истрага на злоупотреба на деца (CAIU) повика на претпазливост. „Нашата истрага за кривичните дела извршени од овој човек продолжува“, рече таа.

„Се сомневаме дека можеби бил во контакт со други девојки и можеби извршил сексуални престапи против други. Ги повикуваме сите што биле во контакт со него да не контактираат“, додаде Спејт.

Оженетиот Липскомб работел како специјалист за перформанси и ИТ во фондот на Универзитетските болници Ковентри и Ворикшир.

Болницата соопшти дека бил суспендиран веднаш по апсењето и отпуштен во јуни 2024 година.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

„Фајненшл тајмс“: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен

Објавено пред

Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.

Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура41 минута

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија43 минути

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Македонија56 минути

„Никој не сака да биде дел од компромитираната клика на Филипче, СДС е во целосен распад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред...

Македонија1 час

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет2 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет2 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа3 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден е на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет3 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет3 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија4 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија17 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ21 час

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија21 час

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија23 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија24 часа

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија24 часа

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ1 ден

Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...