Спорт
„Тите е идиот, тој е виновен за елиминацијата од Хрватска“
Селекторот Тите е единствениот виновник за елиминацијата на Бразил од Мундијалот во Катар е општата оценка во бразилската јавност. Бразил испадна од Хрватска на пенали во четвртфиналето на СП. Во пенал-серијата најголемата ѕвезда на Бразил, Нејмар, не доби можност да изведе пенал.
Екс-фудбалерот Нето беше критичен, можеби повеќе отколку што треба.
„Готово. Ти си идиот. Не си тренер. Најлошиот тренер во историјата на бразилската фудбалска репрезентација. Не заслужуваш да бидеш тука“, вели Нето.
Малку подоцна Тите објасни зошто Нејмар не го шутираше пеналот.
„Тој требаше да го изведе последниот пенал. Играч кој има квалитет и карактер да преземе одговорност под притисок“, се обиде да објасни Тите.
Тите се наврати на комплетното издание и не можеше да поверува дека Хрватска помина иако имаше само еден удар кон голот на Алисон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија –ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители
Откако во текот на април започнаа шаховските активности со одигрувањето на екипните првенства во младинска конкуренција, како и со стартот на квалификациите за Втората лига, викендов во Скопје стартува Отвореното првенство на Македонија во шах, кое, наедно, се смета и за национално државно првенство. Паралелно со него посебно ќе се игра и Првенството во женска конкуренција.
Минатогодишните шампиони ВМ Звонко Станојоски и ФМ Моника Стојковска, обајцата членови на ШК Алкалоид, не се на стартната листа, па ако остане така, ќе биде извесно дека на крајот од турнирот ќе има нови државни прваци.
Предвидено е да се играат 9 кола според швајцарскиот систем, при што секој играч има на располагање 90 минути со додаток од 30 секунди за потег. Просечниот рејтинг според провизорната стартна листа на учесници изнесува 1781 поени.
Вкупно петмина шахисти кои се дел од првите 20 на листата на ФИДЕ како играчи со највисок рејтинг во државава ќе бидат дел од ова отворено првенство. Во согласност со таквиот распоред на силите, тие петмина можат да се прогласат за фаворити, а меѓу нив се и членовите на ШК Алкалоид ИМ Филип Панчевски и ИМ Тони Лазов, како прв и четврти носител.
ИМ Филип Панчевски ја освои титулата во 2022 година, но минатата година токму ИМ Тони Лазов имаше неколку успешни настапи со кои го сврте вниманието на себе. На Екипното првенство на Македонија за екипата на ШК Алкалоид имаше скор од 6 поени од 6 партии, а потоа играјќи за македонската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора стигна до 6,5 поени од 7 партии, со што ја освои и првата велемајсторска норма.
На Отвореното првенство се пријавени 60 играчи, меѓу кои десетина се од младинските категории, од кои најголемиот дел настапуваат за новоформираниот ШК Мулти Есенс, кој, исто така, е под закрила на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.
Десет имиња се на списокот на учеснички на женскиот турнир, при што три од нив се дел од таборот на фармацевтите. Женскиот ИМ Габриела Коскоска засега е прв носител на овој турнир со просечен рејтинг од 1694 поени, а покрај неа тука ќе бидат и младите шахистки Леа Ефтовска и Бонита Јакимова. Според официјалниот распис, планирани се 9 кола како и на Отвореното првенство.
Партиите од првото коло стартуваат в сабота, 11 мај, од 17:30 часот.
Спорт
(Видео) Се огласи човекот чиешто шише падна на главата на Новак Ѓоковиќ
Се огласи на „Инстаграм“ момчето чие шише со вода падна врз главата на Новак Ѓоковиќ.
Тој му се извини на српскиот тенисер и рече дека ова е едноставно несреќен случај.
Сакав да се извинам за тоа што се случи на турнирот во Рим откако Ѓоковиќ го заврши својот меч. Моето шише со вода се лизна и падна врз главата на Ѓоковиќ. Многумина мислат дека тоа било направено намерно, но шишето само се лизна.
The @InteBNLdItalia team showcases a video showing that the Djokovic case was ‘’an accident’. #Djokovic pic.twitter.com/IX6T4ihEVK
— Tennis Majors (@Tennis_Majors) May 10, 2024
„За жал, вакви работи се случуваат. Се надевам дека не е повреден. Му се извинив и нему. Сакав да им кажам на оние кои навредуваат дека тоа не го направив намерно, туку случајно“, додал тој.
Ѓоковиќ претходно изјави дека инцидентот е несреќен случај и се чувствува добро.
Спорт
Јавно се извини поради поразот од Новак Ѓоковиќ – Французионот го анализираше мечот
Французинот Корентин Муте јавно им се извини на сите за поразот од Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Рим со 2:0 (6:3, 6:1).
„Се извинувам за мојот настап вечерва. Посакувам да можев себеси и нему да му дадам подобра битка, но не го направив тоа. Ништо освен почит кон Новак, се разбира, за сето она што го постигна и она што го прави за играчите и тенисот. Ќе се обидам повторно да добијам шанса да играм против него“, напиша Муте.
Ѓоковиќ по дуелот се најде среде инцидент, кога шише го погоди во глава.
Новак потоа објави дека се работело за несреќен случај и дека се чувствува добро.