Топ
Го оштетиле буџетот за речиси 450.000 евра – поранешен јавен обвинител и министер без ресор меѓу осомничените

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, по повеќемесечна предистражна постапка, донел наредба за спроведување истражна постапка против десет лица за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Осомничените со преземените противправни дејства на помагање на првоосомничениот заедно предизвикале штета од значителни размери во висина од 25.502.282,00 денара или 450.000 евра на буџетот на Македонија.
Имено, во периодот од 2010 година до 2018 година во Делчево, првоосомничениот, поранешен јавен обвинител, во својство на службено лице – секретар и законски застапник, член на собрание и член на извршен одбор на здружение на граѓани во државна сопственост, а истовремено и одговорно лице – управител во правното лице во приватна сопственост, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања.
Тој во периодот од 2010 година до 2015 година, со намера да прибави противправна корист за себе, а подоцна во периодот од 2015 до 2018 година, со намера да прибави противправна корист за себе и за својот син, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања.
Првоосомничениот со умисла потпомогнат од другите осомничени во својство на службени лица – членови на органите на граѓанското здружение и на друштвото во приватна сопственост, презеле противправни дејства со кои противправно сукцесивно го присвоиле севкупниот движен и недвижен имот, имотни права и парични средства, сопственост на граѓанското здружение во државна сопственост, и го префрлиле на правното лице – друштво во сопственост на првоосомничениот, што ја извршува истата дејност како и здружението, кое во 2017 година згаснало поради ликвидација.
Покрај членовите на собранието и на извршниот одбор на здружението, меѓу кои е осомничен и поранешен министер без ресор, осомничени се раководител во Управата за имотно-правни работи во Министерството за финансии, државен правобранител, нотар и двајца овластени регистратори од Централниот регистар на РС Македонија.
По предлог на јавен обвинител, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајцата првообвинети, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинение за омраза кон директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија: Извикувал нацистички поздрави и пцуел на германски јазик

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија.
На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик.
Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил. Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот.
Македонија
Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски веднаш да постапи

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Според партијата, овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско.
„Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди. СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни. Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти“, велат од СДСМ.
Од партијата бараат МВР и Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви МВР да го расчисти случајот до крај и сторителите да одговараат.
„СДСМ ќе продолжи достоинствено, мирно и храбро да ја води кампањата затоа што оваа борба е за нашата држава, за нашиот дом, за Македонија. Од народната волја бегање нема а изборен пораз не се брани со камења, тоа досега требаше да го научите“, велат од СДСМ.
Топ
Едно лице избодено со нож пред стоковна куќа „Мост“ во Скопје, напаѓачот е уапсен

Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот.
Според информациите на МВР, вчера вечер во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје.
Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани.
Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.