Црна хроника
Запленети околу пет килограми хероин
Полицијата попладнево неофицијално запленила околу пет килограми хероин во тоалетот на железничката станица во Скопје
Според неофицијални и непотврдени информации, на железничката станица биле уапсени две лица, а три лица кои биле вклучени во шверцот веќе се наоѓале во полициска станица. Групата била следена подолго време, а полицијата ги уапсила на железничката станица.Крајната дестинација на хероинот се претпоставува дека требало да биде Австрија, каде хероинот требало да се испорача со воз. Акцијата е се уште во тек и од полицијата официјално не ја соопштуваат точната бројка на уапсени и колку хероин е запленет.Не се исклучува можноста дека овие лица се дел од озлогласената „Франкфуртска мафија“.Министерството за внатрешни работи официјални детали за овој случај најави дека ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

