Македонија
Две нови градинки во 2023 година и стотина нови проекти во Аеродром
Во Аеродром набргу ќе почне изградбата на две нови детски градинки, а во тек се и административните подготовки за повеќе од 100-ина проекти, кои ќе донесат една нова и поубава слика за општината. Минатата година го најавивме почетокот на изградбата на двете детски градинки, а со изборот на идејните решенија надминат е првиот дел од административниот процес, кој ќе се реализира во неколку фази, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Најавувајќи ја имплементацијата на новите проекти во Аеродром, градоначалникот Муцунски на својот фејсбук-профил објави дека токму почетокот на изградбата на двете детски градинки се дел од големиот број инвестиции што Општина Аеродром ги планира за оваа година.
„Се радувам што на почетокот на новата година споделуваме убави информации. На крајот на минатата година беше распишан јавниот повик за избор на идејно решение. Комисијата, која беше составена од искусни професионалци, направи селекција и ги избра најдобрите три решенија за двете детски градинки, кои се дел од амбициозните планови за оваа година“, истакна Муцунски на својата фејсбук-страница.
Тој се заблагодари на големиот интерес на јавниот повик и нагласи дека значајно за повикот е што со свои предлог решенија учествуваат голем број млади, но и искусни и докажани архитекти.
„На овој начин ги мотивираме архитектите да работат и да бидат креативни, но и да даваат професионален и експертски придонес за урбанизацијата на просторот во кој ќе растат дечињата од Аеродром. Хуманото урбано планирање, особено за вакви капитални инвестиции, неопходно бара нивна поголема вклученост во овие процеси“, нагласи тој и потенцира дека овој начин за селекција на идејните решенија ќе остане добра пракса што ќе се користи во иднина.
Со почетокот на изградбата на двете детски градинки се става крај на деценискиот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Аеродром, а решавањето на најважните локални проблеми ќе биде фокусот на Општина Аеродром и оваа година. Покрај двете градинки, буџетот за новата година предвидува и доградба на две основни училишта на територијата на Аеродром, со што продолжуваат почнатите инвестиции во објектите што се наменети за учениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

