Спорт
Двајца Англичани на врвот – Белингем има најголема вредност на фудбалскиот пазар
Фудбалерот на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец Џад Белингем има најголема вредност на фудбалскиот пазар, според истражувањето на Меѓунардониот институт за фудбалска историја и статистика (ЦИЕС).
Белингем е прв на листата од 100 фудбалери ширум светот со највисока проценета трансфер вредност според статистичкиот модел развиен од истражувачкиот тим на ЦИЕС.
Неговиот клуб Борусија Дортмунд потенцијално би можел да заработи до 208,2 милиони евра од продажбата на 19. годишниот англиски фудбалер. Со оглед на тоа што договорот на Белингем истекува во јуни 2025 година, ова најверојатно ќе биде преоден рок во кој Германците би можеле да остварат најголем профит.
Врз основа на сопствениот статистички модел, ЦИЕС ја процени вредноста на повеќе од 30.000 фудбалери во 75 лиги ширум светот.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден е втор на листата со вредност од 200,5 милиони евра. Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе е трет со 190,7 милиони евра. Во првата петорка се и Винисиус Жуниор од Реал Мадрид и голгетерот на Манчестер сити, Ерлинг Холанд.
Exclusive @CIES_Football ⚽️ bi-annual list of top estimated transfer values for players 🌐 now published with @BellinghamJude at the 🔝 with €2⃣0⃣8⃣m ahead of @PhilFoden @KMbappe @vinijr & @ErlingHaaland 🤩👏🤑 Top 💯 👉 https://t.co/icSxsiiW3m pic.twitter.com/QEKGSVNO1j
— CIES Football Obs (@CIES_Football) January 5, 2023
Интересно е што Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се вклучени во топ 100 најскапи играчи во светот според ЦИЕС.
Најмногу играчи во првите десет, по двајца, имаат Манчестер сити, Барселона и Реал Мадрид.
Топ 10 најскапи играчи според ЦИЕС:
1. Џуд Белингем (Борусија Дортмунд) – 208,2 милиони евра
2. Фил Фоден (Манчестер сити) – 200,5 милиони евра
3. Килијан Мбапе (ПСЖ) 191,7 милиони евра
4. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) – 190,5 милиони евра
5. Ерлинг Холанд (Манчестер сити) – 174,9 милиони евра
6. Педри (Барселона) – 170,2 милиони евра
7. Гави (Барселона) – 147,6 милиони евра
8. Џамал Мусиала (Баерн) – 145,1 милиони евра
9. Јошко Гвардиол (Лајпциг) – 125,8 милиони евра
10. Федерико Валверде (Реал Мадрид) 123,5 милиони евра
Највисока проценета вредност за играчите надвор од петте најсилни европски национални шампионати има аргентинскиот репрезентативец од лисабонската Бенфика Енцо Фернандеш (80 милиони евра).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

