Спорт
Лазаров признава дека ова е „реалноста“, но не очекувал три порази со двоцифрена разлика

Македонскиот селектор Кирил Лазаров не го криеше разочарувањето од високиот 35:26 пораз од Аргентина на СП во Полска, со што првпат во историјата еден ракометен Мундијал го завршуваме без победа во групната фаза и ќе играме во таканаречениот Президентс куп најверојатно против три африкански репрезентации (Алжир, Тунис, Мароко).
Лазаров вели дека не очекувал победи во групната фаза, но и дека е разочаран што доживеавме три високи порази.
„Честитки за победата на Аргентина која е целосно заслужена. Можеби ова е нашата реалност, бидејќи не рангираа на последното место во групата. Македонија со осум дебитанти кои првпат се на големо првенство ќе мора да се потруди да ги достигне постигнувањата на претходните генерации. Не очекувавме победи во групата, но верував во порази од три-четири гола разлика, а не со двоцифрена разлика. Не сум задоволен од покажаното“, изјави Лазаров на прес-конференцијата по мечот.
Новата македонската ракометна реалност – трет катастрофален пораз, Аргентина не „уништи“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јокиќ блескаше, Гордон погоди во последната милисекунда за победа на Денвер во ЛА

Денвер Нагетс изедначија на 2:2 во серијата со ЛА Клиперс. Во ЛА, Денвер со поените на Арон Гордон, буквално со звукот на сирената славеа со 101:99, откако испуштија предност од 22 поени во последната четвртина.
По неизвесното прво полувреме во кое Денвер константоно имаше водство и на паузата замина со предост од два поени, во третиот период Нагетс ги декласираа Клиперси. Постигнаа 35 поени, Јокиќ уфрли 16 един поен помалку од комплатниот тим на домаќинот.
Тактиката на Денвер во последниот период по водството од 22 поени, максимално да го трошат времето имссе „удри од глава“. Клиперси трпеливо ја топеа разликата, а на вкезор во последната минута со пените на Богдановиќ го презедоа водството (97:96).
Јокиќ потоа погоди едно слободно фрлање, а откако Ленард промаши шут за три поени, Јокиќ со хрилијантен потег му ја врати предноста на Денвер (97:99). Во следниот напад Зубац по промашувањето на Харден ја врати топката во кошот. По тајм-аутот Јокиќ решаваше, обидот за три беше непрецизен, но топката во кошот ја заби Гордон.
Откако судиите две минути ја гледаа снимката од сите можни агли пресудија дека кошот е регуларен.
AARON GORDON AT THE BUZZER pic.twitter.com/R44ae1snZu
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 27, 2025
Никола Јокиќ повторно блескаше со 36 поени (14/25 од поле, 3/6 за три) со 21 скок, 8 асистенции, 2 украдени топки и една блокада.
Покрај Јокиќ, Мајкл Портер и Кристијан Браун постигнаа двоцифрен број поени во Денвер по 17 поени, Гордон додаде 14, а Џамал Мареј 13.
Во поразениот тим, Кавај Ленард постигна 24 (9 скока, 2 ас), Пауел 22, Зубац 19 (12 скока, 6 ас), Џејмс Харден 15 (4 скока, 11 ас).
Спорт
(Видео) Кунде херој, Барселона го освои Купот на Кралот

Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во Купот на Кралот, откако во финалето во Севилја го победија Реал Мадрид со резултат од 3:2 (1:0).
Барселона со тоа го освои вториот трофеј во сезоната, откако во јануари го победи Реал Мадрид со 5:2 во финалето на шпанскиот Суперкуп.
Претходно, во првиот дел од сезоната, тие го победија својот најголем ривал на „Сантијаго Бернабеу“ со 4:0.
Хројот на Барселона е Жил Кунде кој го постигна голот за победа во 116.минута.
Лука Модриќ испрати лошо додавање до Брахим Диас, Кунде ја пресече топката,шутираше на прва и го постави конечниот резултат.
Спорт
Баерн може да почне да ја слави титулата, котраверзна победа на Борусија кај Хофенхајм

Чудо треба да се случи во Бундес лигата за Баерн да не ја освои 34. шампионска титула. Во 31.коло, Баерн го победи Мајнц со 3:0, а Баер Леверкузен со 2:0 славеше над Аугсбург. Баварците ја задржаа предноста од осум бода пред актуелните шампиони.
Баерн победата над Мајнц ја обезбеди во првото полувреме со головите на Лирој Сане и Михаел Олисе. Победата ја запечати Ерик Даер во 84. минута.
Натпреварот го одбележа големиот јубилеј на легендата на Баерн, Томас Милер.
Тој го одигра својот 500. натпревар во Бундеслигата, сето тоа во дресот на еден клуб. Тој стана само четвртиот играч кој го сторил тоа.
По два последователни нерешени резултати, Леверкузен конечно стигна до победата.
Аугсбург беше поразен со 2:0 со головите на Патрик Шик и Емилијано Буендија, па актуелниот шампион се уште теоретски останаа во трката за титулата.
Борусија Дортмунд со голот на Антон во 95.минута победи кај Хофенхајм со 3.2. Токму голот на Антон ќе предизвика полемика во германската јавност, бидејќи претходно во акцијата имаше очигледен контакт на Чукуемека со голоманот на Хофенхајм.