Спорт
Навивачите на Атлетико испратија морничава порака пред мечот со Реал
Реал Мадрид и Атлетико вечерва ќе се сретнат во четвртфиналето на Купот на кралот на „Сантијаго Бернабеу“. Пред градското дерби на улиците на Мадрид се појави грозоморна и брутална порака што ја оставија навивачите на Атлетико.
На еден од мадридските мостови обесија кукла со ликот на бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор и над неа истакнаа транспарент.
„Мадрид го мрази Реал“.

Винисиус Жуниор е честа мета на противничките навивачи. Од почетокот на сезоната го навредуваа поради бојата на кожата, го гаѓаа со банани, за што клубовите добија одредени казни.
Овој потег на навивачите на Атлетико нема да му донесе казна на клубот. Причината секако е што не направија ништо на стадионот и ќе биде интересно да се види дали овие грозоморни сцени ќе се пренесат на трибините.
Поради се, треба да очекуваме многу жешко мадридско дерби. Реал во мечот влегува како фаворит, но Атлетико неодамна се разбуди и извојува две последователни победи.
Впрочем, Винисиус Јуниор сигурно ќе биде во центарот на вниманието на вечерашниот меч и прашање е како младиот Бразилец ќе реагира на потенцијалните навреди од трибините.
Дербито помеѓу Реал и Атлетико се игра вечерва од 21 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Спорт
Дејвид би можел да го напушти Јувентус
														Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) е незадоволен од својата минутажа во Јувентус и би можел да го напушти клубот од Торино во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми.
Дејвид постигна 25 гола и 12 асистенции во Лил минатата сезона, а во јули се пресели во Јуве како слободен играч. Со „Старата дама“, Дејвид потпиша петгодишен договор.
Иако оваа сезона одигра 12 натпревари, не успеа да се етаблира како стандарден играч во првиот тим. Во тие 12 натпревари постигна само еден гол.
Италијанските медиуми тврдат дека новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, би можел да има слух за канадскиот репрезентативец и да му даде поголема улога.
Спалети, кој го наследи Игор Тудор, дебитираше на тренерската клупа на Јуве во саботата, со победата над Кремонезе (2:1), но Давид влезе во игра дури во 85-тата минута.
Исто така, малку е веројатно дека Дејвид ќе биде во почетниот состав за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг.
Спорт
Стефано Пиоли доби отказ
														Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А.
Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба.
Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 пати и го освои италијанското првенство во 2021/22 година, Пиоли имаше и краток престој во Ал-Наср.
Спорт
Спанулис и во иднина ќе ја предводи Грција
														Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција.
Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор.
Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на Евролигата, Монако, а неговата следна цел кога станува збор за репрезентацијата ќе биде да ја однесе Грција на Мундобаскетот во 2027 година.
Спанулис е на клупата на грчката репрезентација од октомври 2023 година, а ја водеше оваа репрезентација на Олимписките игри во Париз една година подоцна.

