Македонија
(Видео) Стоилковски: На Македонија не и треба уште една влада за криминал и без изборен легитимитет
Димитар Ковачевски денеска бесрамно ќе се обиде да претстави човек чиј што брат веројатно извршил крвна одмазда и е осомничен за убиство- за министер за правда! Замислете, Крешник Лога братот може да заврши во затвор за убиство, додека другиот Кренар Лога е министер за правда и ќе составува список за помилувања? Осомничен за убиство на Дилавер Бојку, познат на полицијата и на подземјето, заради крвна одмазда од претходни оружени можеби семејни средби! Ете Ковачевски денеска има прилика да застане во одбрана на егзекуција и крвна одмазда како правдољубие!, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ковачевски, рече тој, денеска ќе мора да објасни и како во одбрана, заменик министер, поставува човек со иредентистички идеи, антидржавни идеи, којшто е повлечен од мисијата во НАТО, откако се појави фотографија од Брисел дека е во први редови на протест за создавање на ИЛИРИДА!
Според него, Ковачевски ќе мора да се потруди бидејќи Тирон Јајага во 2017 година го признава своето учество на протестите, своите убедувања, правдајќи се дека бил на протест за ИЛИРИДА, протест со територијални претензии кон Македонија, за поделба на државата, бил на протест со такви барања, ама вон работно време! А, работел како дипломат во македонската мисија во Брисел! И сега Ковачевски ќе го претставува за заменик за одбрана на членка на НАТО!
„Ковачевски денеска ќе мора да се потруди да го објасни решението за здравство – во услови кога луѓе умираат излажани за лекови, тој поставува целосен анонимус, конфликтна личност со сомнително образование! Потребно е само Ковачевски да ја приложи листата за присутност на работа за Фатмир Меџити – кога доаѓа кога заминува, дали воопшто седи на дежурства, за да сликата биде појасна за јавноста. Се работи за конфликтен лик којшто Таравари кога беше министер го сместува во ФЗОМ, а потоа тоне во заборав, до сега! Ковачевски поставува министер за здравство со единствена референца, кумашин и поттрчко на Таравари.
Ковачевски со сите сили ќе бара начин да ги сокрие тендерите од 4 милиони евра коишто семејството на Викторија Аврамовска-Мадиќ ги заработи од Град Скопје кога предложената за заменик министер беше секретар на Скопје? И како ќе прескокне дека за неа има поднесено кривична пријава до ОЈО? Како ќе ги прескокне и објасни прескапите пожарникарски скали од семејната фирма на Мадиќ?
Како Ковачевски ќе ја објасни Маја Манолева за заменичка за здравство која што на сила ДКСК мораше да ја натера да се откаже од приватната амбуланта додека била директор, па во врвот на Лекарската комора. Како ќе објасни дека не си препраќала пациенти за рехабилитација од јавниот завод во приватната установа за физикална медицина?“, праша Стоилковски.
Дали Ковачевски, додава тој, ќе ја претстави Каја Шукова од животна средина, како негова десна рака за издавање дозволи за фотоволтаици? „Дали е вистина дека Шукова определувала дали дозволата за бизнис со фотоволтаици ќе се добие брзо или ако не е во согласност со семејната, кумската фирма на Ковачевски, постојано нешто ќе фали во документацијата? Тоа ли е главната референца за Каја Шукова биде министер?
Што ќе каже Ковачевски за предложената заменичка во земјоделство Вјолца Бериша, која директно ги посочуваше СДС и ДУИ за смртта на пациентите во пожарот во модуларната болница? Дали ќе каже дека и ги простува прес конференциите со прстот посочен кон СДС, дали ќе ги нарече „лажна пропаганда“, или дека главната на унијата на партиските жени ја злоупотребила смртта на пациентите за политичко внимание? Или ќе ја посочи како лицемер?
Уште колку пари ќе треба да легнат на сметка на ДУИ од образование додека ученици немаат книги, свидетелства, документи, помагала, наставници се деградирани, испитите за директори поништени? Кое ќе му биде образложението на Ковачевски за предлогот Агим Нухиу да биде заменик министер за образование? Дали референца е успехот во правда или Јетон Шаќири не можел сам без заменик од ДУИ во ликот на Нухиу?“, дополнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Со кој образ, како што вели, сега Ковачевски ќе предлага а СДС ќе аплаудира за Азир Алиу за министер за администрација, кога истиот Алиу и неговото име го черечеа по медиуми како прв на листата на советници, како велеа прескапи советници на владата? Дали сега Ковачевски јавно ќе му се извини, дали ќе се извини на јавноста за јавните линчови со лаги за оцрнување на луѓе?
Стоилковски оценува дека Македонија нема да напредува ниту ќе се справи со тешката економска криза, ниту во Европска Унија се влегува со осомничени, со иредентисти, со кумашини, лукративни помошници во тендери. Ова, според него, не е листа на сојуз за Европа туку сојуз за порази и за грабеж на Македонија, исполнување на хирови и лични желби на сметка на народот и државата!
„На Македонија не и треба уште една влада без изборен легитимитет, туку брзи предвремени избори!“, нагласи Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Премиерот се пожали дека ССМ не сакале да потпишат колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за 40 проценти
ССМ не сакаше да го потпише колективниот договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за 40 проценти во период од четири години, односно до април 2028 година, под услов во колективниот договор да се избрише делот кај што стојат платите и во тој период да репреговараат. Тоа го повтори денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по настанот на Економскиот факултет при УКИМ организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус+“ истакнувајќи дека ССМ не сакал да се откаже од општиот колективен договор што претходно го потпишал, а чија важност престанала.
Тој појасни дека ако просечната плата е 30.000 денари, сега во април за мартовската плата ќе имало нивелирање за минималната плата, која ќе се зголеми.
– Да претпоставиме дека таа ќе се зголеми за 1.500 денари. Тогаш овие 30.000 денари плус 1.500 денари зголемени за 8 проценти ќе дадат збир X парички. В година, април 2027, тие X парички повторно ќе се зголемат за минималната плата, да претпоставиме дека ќе биде повторно 1.500 денари. Тој збир X плус тие 1.500 денари ќе се зголемат за нови 8 проценти и ќе добиеме У парички. Третата година, 2028, во април овие У парички повторно ќе се зголемат за минималната плата од 1.500 денари и сето тоа ќе се зголеми повторно за 8 проценти и ќе добиеме Z парички. Овие Z парички ќе бидат за минимум 40 проценти повеќе од 30.000 денари – рече Мицкоски.
Го повтори условот за потпишување на овој договор, а тоа, според него, е во колективниот општ договор, делот кај што стојат платите, да се избришат и во периодот од три години да го репреговараат.
– Доволен период имаме од три години да постигнеме договор. А во меѓувреме, имаме колективен договор, имаме 95 отсто од вработените што се дел од одговорностите на Владата, која е работодавач и со тоа Владата со своите вработени си ги регулирала односите до 2028 година. И со тоа ние сме завршиле. Значи, остануваат сега уште овие 7.787 вработени од вкупната државна администрација – истакна Мицкоски.
Тоа, додаде, ССМ не сакал да го потпише.
– Велеа вака, „како сега ние ќе се откажеме од општиот колективен договор во тој дел кога ние сме го подпишеле со Тренчевска“. Јас велам, вие не се откажувате. Важењето на општиот колективен договор е престанато. Во завршните и во преодните одредби стои дека „тој останува во важност до носење друг“. А ние, ако го избришеме делот на платите, кој е дел од општиот колективен договор и е збунувачки, може да се толкува вака и така, ќе се повикаме на овој нов грански договор, што ќе го потпишеме со гранските синдикати за државната администрација – рече Мицкоски.
Според него, периодот од три години е доволен да преговараат за тој дел од општиот колективен договор.
– И во рок од тие три години ќе преговараме дел, што ќе биде повторно дел од општиот колективен договор. И тие тоа не го прифаќаат. Како, велат, ние сега сме го подпишале тој договор, како сега ние самите себе ќе си се бришаме. Тоа не е мој проблем. Јас нудам решение. Ако ние не сме доволно зрели како општество за помалку од три години да не потпишеме, тогаш не сме зрели ни за држава. Ама јас мислам дека сме зрели – истакна премиерот.
ССМ денеска ја повика Владата в понеделник да го потпишат колективниот договор, со кој, како што велат, ги зголемува платите на вработените за 40 проценти и наместо во 2028 година, да почне од февруари 2026 година. За следната недела најавија блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите.
Македонија
Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена
Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според Мицкоски, состојбата дополнително била усложнета и со превработеност, како и со недоволна ефикасност на дел од вработените.
– Со овие 40 камиони, сигурен сум дека многу ќе се подобри состојбата со хигиената во Скопје. Како што најавивме и во кампањата, и како што најави и самиот градоначалник, хигиената ни е прв приоритет и во таа насока се движи овој процес, рече Мицкоски.
Тој најави дека процесот на набавка се очекува да биде заокружен до доцна пролет, а испораката на возилата да почне до крајот на годината. Според премиерот, новата механизација ќе овозможи поефикасна работа на Комунална хигиена и видливо подобрување на чистотата во градот.
– Сепак 40 камиони за одведување смет се огромна работа. Не така одамна имавме во Битола презентација на еден друг проект кој исто така меѓународни финансиски институции го поддржуваат, има и грант компонента, а тоа е регионалната депонија во Новаци. Дел од тој проект е и набавка на камиони за одведување на смет на општините од Југозападниот и од Пелагонискиот регион. Се што било закочено, не било сработено и не се работело, украдено, уништено, се трудиме да го оживееме и да го вратиме повторно во функција. Не може преку ноќ. Да бидеме трпеливи, рече премиерот Мицкоски.
Македонија
Љутков: За Охридскиот регион чекаме препораки од УНЕСКО
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков изјави дека се чекаат препораките од УНЕСКО за Охрид и Окридскиот Регион откако заедно Албанија е пратен извештај во седиштето на оваа организација на ОН.
На новинарско прашање на прес-конференција посветена на резултатите од годишните конкурси за проекти во култуата во 2026 и што ќе се преземе за заштита на Охридскиот Регион како културно наследство во опасност, Љутков одговори дека тој наследил долгогодишен проблем.
Посочи дека за една и пол година откога го презел ресорот направени се големи интервенции и големи заложби во Охридскиот Регион, но оти периодот е краток за да се донесат крупни одлуки.
-Донесовме големи заклучоци на комисијата за УНЕСКО, формиравме кризен штаб, добивме седум месеци да интервенираме. Тој извештај е направен, земени се предвид сите релевантни институции и нивните мислења и тој извештај заедно со албанската страна е испратен до УНЕСКО. Ќе видиме какви ќе бидат во наредниот период препораките. Бидејќи ова е долгогодишен проблем, јас како министер можам да кажам дека ова го затекнав, она што можевме да го направиме го направивме, и пак ќе потенцирам дека треба да очекуваме сè, рече Љутков на прес-конференцијата.

