Контакт

Забава

(Видео) Го соблече гламурозниот фустан на „Версаче“ и облече маица и фармерки: улична изведба на Лејди Гага на „Оскарите“

Објавено пред

Доделувањето на „Оскарите“ беше вечер на Лејди Гага – без разлика што таа не беше наградена. Како и секогаш, таа беше модната победничка на вечерта, каде што на публиката ѝ приреди гламур, сексапилност и изненадување.

dobivaj vesti na viber

Лејди Гага првпат се појави во брутален фустан на „Версаче“, кој изгледаше многу необично. Горниот дел од проѕирен корсет создаде совршени контури на фигурата, а долниот дел, здолниште со спуштена половина, беше луксузен и гламурозен.

По доминацијата на црвениот тепих, Лејди Гага направи уште едно изненадување. Таа изведе драматична трансформација кога ја отпеа својата песна Hold My Hand менувајќи ги фустанот и шминката со маица и фармерки.

Таа излезе на сцената во широка црна маица, искинати фармерки и стари чизми, ја отстрани шминката од лицето, а потоа седна на столот и ја отпеа насловната нумера на новиот филм „Топ ган“.

Гага на „Оскарите“ имаше номинација и за најдобра авторска песна токму за споменатата песна, но овој пат остана без награда.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Жена го нападна Тарантино во ресторан, му викаше дека е „ционистичко ѓубре“

Објавено пред

Квентин Тарантино беше нападнат во ресторан во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

„Ционистичко ѓубре“, му викаше жената која на социјалните мрежи го користи името Крекхед Барни, а потоа видеото го објавила на својот профил.

На видеото се гледа како Барни, чие вистинско име се уште не е познато, му приоѓа на режисерот, кој седи сам на масата во аголот.

„Квентин Тарантино!“, му викна таа.

„Еј“, кратко одговори Тарантино.

„Зошто сте ционистички ѓубре?“, потоа го прашува жената.

Тарантино не одговори на тоа, туку само ги прекрсти рацете. Таа потоа го прашала „дали оди во Израел“, но директорот немал време да одговори бидејќи реагирале вработените во ресторанот. Додека Тарантино излегуваше од ресторанот, беше опколен од пропалестински демонстранти кои извикуваа „Слободна Палестина“.

Инаку, Тарантино е оженет со израелската пејачка и модел Даниела Пик и јавно застана на страната на Израел во војната.

Прикажи повеќе...

Забава

Објавена нова фотографија направена од Кејт Мидлтон: „Те сакаме тато“

Објавено пред

По повод Денот на татковците во Велика Британија, на Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс е објавена фотографија направена од Кејт Мидлтон.

dobivaj vesti na viber

„Те сакаме, тато. Среќен ден на таткото“, стои во описот на фотографијата на која принцот Вилијам ги гушка своите деца Џорџ, Шарлот и Луис на плажа.

Фотографијата е направена оваа година од принцезата од Велс.

Инаку, Кејт викендов за прв пат се појави во јавноста откако објави дека има рак.

Принцезата од Велс присуствуваше на традиционалната парада Trooping the Color, придружувана од нејзините деца и принцот Вилијам. Trooping the Color ја одбележува роденденската забава на монархот, а принцезата учествуваше во поворката со кочија со своите деца.

Прикажи повеќе...

Здравје

Безброј луѓе одат во Индија по „чудесниот лек“ за астма

Објавено пред

Безброј луѓе кои боледуваат од астма одат во индискиот град Хајдерабад бидејќи, наводно, мала жива риба полнета со одредени растенија е „чудотворен лек“ за астма, пишува АП.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата вели дека секое лето, на ден кој се смета за астролошки поволен, луѓето кои страдаат од астма и други респираторни заболувања патуваат во Хајдерабад за да проголтаат мали живи риби полнети со „разни чудотворни билки“ направени од семејството Батини.

Според легендата, во 1845 година, еден светец скитник му ја претставил тајната формула на чудотворната билка на еден човек кој живеел во градот Хајдерабад, Веран Гуд, и му рекол да ја даде формулата бесплатно на пациентите со астма.

Оттогаш, потомците на Гуд, познати како семејството Батини, ја зачувале традицијата и хербалната формула.

Секоја риба чини 40 рупии или околу 50 центи.

Кога се купува, жива риба се става во пластична кеса наполнета со вода и се носи кај семејството Батини, кое става мешавина од растенија во устата на рибата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...

Свет49 минути

Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија

Најмалку 13 лица загинаа во судир на патнички и товарен воз во источната индиска држава Западен Бенгал, соопшти денеска полицијата....

Македонија1 час

Николоски откако беше предложен за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион1 час

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија2 часа

Мицкоски за предлог составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од...

Македонија12 часа

Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада. „Вечерва...

Македонија13 часа

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија14 часа

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа18 часа

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија18 часа

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа20 часа

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...

Регион21 час

Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите...

Свет22 часа

Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски...

Свет22 часа

Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските...

Македонија22 часа

Македонски концепт од Украина: Куќата на Крсте Петков-Мисирков ќе добие нова меморијална плоча на македонски јазик со македонско знаме

Делегација на политичката партија Македонски концепт, предводена од претседателот на партијата Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски-Викиус, остварија средба со...

Македонија22 часа

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор...

Македонија23 часа

Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х....

Македонија1 ден

Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување

Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада,...

Македонија2 дена

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...