Регион
„Се отвораат вратите регионот да влезе во нова ера на мир“, порача Габриел Ескобар по средбата Вучиќ-Курти
Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, посочи дека договорените обврски помеѓу Косово и Србија, но и нивното исполнување, значи отворање на вратите за Западен Балкан да влезе во нова ера на мир.
„Без помошта од нашите пријатели, ова немаше да се случи. Ова е уште еден пример како Северна Македонија е значаен партнер кој помага на Европската Унија и САД, да се постигне регионална стабилност. Премиере, Ви благодарам. Сакам да им честитам на двете страни за постигнатиот, тежок, но неопходен договор, за да се најде мирен однос меѓу двете земји. Ова не ги отвора вратите за поголема евроатланска интеграција за двете земји, но ги отвора вратите за регионот да влезе во нова ера на мир“, кажа Ескобар.
Тој посочи дека САД е подготвена да помогне на Балканот да има мир.
„Ја ценам работата на колегите од Европската Унија за достигнување на овој визионерски момент. Јас можам да ви кажам дека САД се заложува да помогне во имплементацијата во двете држави. Ние ќе помогнеме во сè што можеме да поддржиме политички, економски и на секој друг можен начин, за да овозможиме мир на Балканот“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
САД: Додик е безбедносна закана
Соединетите Американски Држави го сметаат лидерот на босанските Срби Милорад Додик за закана за безбедноста, а спремни се да реагираат на секое загрозување на опстанокот на Босна и Херцеговина како држава, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи.
Марфи потсети на изјавата на Додик дека „не сака да дише ист воздух со Бошњаците“, оценувајќи дека тоа би требало да го загрижи секого, вклучувајќи ја меѓународната заедница.
Објасни дека САД нема мирно да го гледаат ризикот од избивање нов конфликт на тлото на БиХ и затоа силно го поддржуваат продолжувањето на воената мисија на ЕУ, но и решителноста на НАТО да не дозволи „безбедносен вакум во земјата“.
„Нашата политика е цврста и јасна и таква е во последните 30 години. Ги поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитетот и мултиетничкиот карактер на БиХ, тоа е наш интерес и ќе го браниме“, кажа американскиот амбасадор за внатрешните прашања на БиХ.
Регион
Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар
Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.
Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.
Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.
Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.
– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.
Регион
Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка
Во Злот денеска починала Светлана Драгичевиќ, мајката на Дејан Драгичевиќ ненадејно починала, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, неофицијално дознава порталот Нова.рс.
Светлана во април го погреба својот син Далибор, кој беше осомничен дека го криел телото на малата Данка, а почина во полицијата на Бор на распит, поради што Секторот за внатрешна контрола (СУК) го истражува случајот.
Светлана даде изјава дека не знае ништо за убиството на малата Данка и доби статус на привилегиран сведок.
Дејан Драгичевиќ и Срѓан Јанковиќ се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, по што ја внеле во автомобил и се упатиле на непозната локација. Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.
Тие се во притвор, како и таткото на Д.Д., кој е осомничен дека помогнал да се премести телото на девојчето од една на друга локација.
Обвинителството претходно соопшти дека Дејан Драгичевиќ го признал делото, додека Јанковиќ се бранел молчејќи.