Свет
Путин и Шји денеска ќе потпишат два големи договора
На вториот ден од разговорите меѓу кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин во центарот се економските односи на двете земји и се очекува да потпишат два големи договора за проширување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка.
Неочекувано, денеска исто така ќе се одржи средба на врвот во Киев, каде што јапонскиот премиер Фумио Кишида ќе се сретне со Володимир Зеленски и ќе му понуди солидарност и поддршка.
Патувањето на Шји во Москва се смета за голем поттик за неговиот стратешки партнер Путин, кој е предмет на налог за апсење од страна на Меѓународниот кривичен суд по обвинение за незаконско депортирање украински деца.
Вчера, Џјинпинг и Путин разговараа четири и пол часа нарекувајќи се еден со друг „драг пријател“, а меѓународно изолираниот руски лидер рече дека е отворен да разговара за предлозите на Кина за решение на војната во Украина. По разговорите, Путин го испрати Шји до неговиот автомобил, што е реткост, а двајцата беа видени заедно насмеани.
Рускиот лидер за време на средбата рече дека е отворен за разговори за Украина и го пофали предлогот на Пекинг за конфликт од 12 точки, кој вклучува повик за дијалог и почитување на територијалниот суверенитет на сите земји. Кина се обидува да се прикаже себеси како неутрална страна во конфликтот во Украина, но Вашингтон вели дека потезите на Пекинг би можеле да бидат тактика на застој за помош на Москва.
Москва и Пекинг ја зајакнаа соработката во последните години и двете водени од желбата да се спротивстават на американската глобална доминација. Ставот на Пекинг за Украина наиде на критики од западните земји, кои рекоа дека Кина премолчено ја поддржува вооружената интервенција на Москва.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека посетата на Шји на Москва „сугерира дека Кина не чувствува одговорност да го повика претседателот на одговорност за злосторствата извршени во Украина“.
„И наместо тоа, дури и да осудува, тој повеќе би сакал да обезбеди дипломатско покритие за Русија да продолжи да ги врши овие големи злосторства“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕП: Социјалните мрежи и вештачката интелигенција не се за лица под 16 години
Европскиот парламент (ЕП) денес одобри необврзувачка резолуција со која се бара минималната возраст за пристап до социјалните мрежи и вештачката интелигенција (ВИ) да биде 16 години, за да се обезбеди дека онлајн содржината е соодветна на возраста.
На веб-страницата на ЕП беше објавено дека пратениците ги повикаа земјите-членки на ЕУ да усвојат закони со кои ќе се утврди минималната возраст од 16 години за пристап до социјалните мрежи и вештачката интелигенција, додека на лицата на возраст од 13 до 16 години ќе им биде дозволен пристап со родителска согласност.
Тие, исто така, повикаа на усвојување закон со кој нема да се дозволи пристап до социјалните мрежи и вештачката интелигенција на лица под 13 години, објави Ројтерс.
Усвоената резолуција нема правна тежина и служи како политичка изјава што го изразува ставот на ЕП по ова прашање, според написите.
Врз основа на Законот за дигитални услуги (DSA) на ЕУ, онлајн платформите се обврзани да ги почитуваат законите на земјите-членки на Унијата, кои ја оставаат секоја земја сама да одлучи за минималната возраст за пристап до социјалните медиуми и вештачката интелигенција, пренесува Танјуг.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Јужна Кореја го лансираше досега најголемиот сателит
Јужна Кореја денес успешно го лансираше најголемиот сателит досега со својата вселенска ракета „Нури“, четврто од шест планирани лансирања до 2027 година.
Тростепената ракета „Нури“ беше лансирана од космодром на остров во близина на југозападниот крајбрежен округ Гохеунг.
Официјални лица од воздухопловните сили изјавија дека ракетата поставила научен сателит од 516 килограми и 12 микросателити во целна орбита на околу 600 километри над Земјата, објави АП.
Главниот сателит е опремен со камера со широк дострел за набљудување на ауроралната активност и посебни системи за мерење на плазма и магнетни полиња.
Дванаесет помали сателити „коцкасти“, развиени од универзитетски тимови и истражувачки институции, вклучуваат GPS системи за проучување на атмосферата на Земјата, инфрацрвени камери за следење на пластика во океаните и системи за тестирање на соларни ќелии или комуникациска опрема.
„Нури“ е тристепена ракета напојувана од пет мотори од класа 75 тони во првата и втората фаза и мотор од класа седум тони во третата фаза, кој го ослободува товарот на саканата надморска височина.
Јужна Кореја ја започна програмата „Нури“ во 2021 година, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Германија го претстави новиот борбен тенк „Leopard 2A8“
Германската одбранбена компанија KNDS официјално го претстави својот нов главен борбен тенк, „Leopard 2A8“ кој ќе биде распореден со германските сили во Литванија, додека Европа го зајакнува своето присуство на источното крило на НАТО по границата со Русија. Тенкот беше претставен на јавноста во Минхен на церемонија на која присуствуваше германскиот министер за одбрана Борис Писториус, објавува „Њузвик“.
Според производителот, станува збор за сосема нов дизајн, а не за надградба на претходните платформи. Како и постарите верзии, „Leopard 2A8“ е опремен со топ со мазна цевка од 120 мм и два митралези од 7,62 мм. Оклопот е поотпорен, тенкот е побрз, опремен е со најновата паметна технологија.
Новата 45-та оклопна бригада (Panzerbrigade 45) во Литванија ќе биде првата што ќе ги добие новите тенкови „Леопард 2А8“. Бригадата беше основана во мај од германскиот канцелар Фридрих Мерц, а нејзиното формирање претставува прво трајно распоредување на германски трупи во странство по Втората светска војна. Се очекува бригадата да има 5.000 членови до 2027 година. Портпаролот на германското Министерство за одбрана одби да каже точно колку тенкови ќе добие бригадата, повикувајќи се на воена тајна.
Фото: ЕПА

