Црна хроника
Шестгодишно девојче повредено при славеничко пукање
Шестгодишно девојче во четвртокот вечерта околу 22 часот било повредено во пределот на задникот здобивајќи се со потешка пвореда при славеничко пукање во струшкото село Долна Белица
Семејната веселба се одржувала во струшкото село Долна Белица во дворот на куќата на педесет ичетиригодишен жител од тоа село. Девојчето е пренесено во медицинскиот центар во Струга, каде лекарите утврдиле дека се работи за влезно-излезна рана, односно телесна повреда.Полициската станица во Струга презема мерки за расчистување на случајот.И покрај апелите на полицијата и невладните организации, во Македонија славеничкото пукање е се уште честа појава.Невладината организација Цивил на Меѓународниот ден за уништување на оружјето излезе со фрапантни податоци околу состојбата со нелегалното оружје во Македонија и побара уште една акција за разоружување.Според невладината Цивил од 1 јануари 2009 г. до денес 554 илјади луѓе се жртви на огнено оружје. За еден ден во светот умираат илјада луѓе а ранети се три илјадиСекој осми жител во светот поседува огнено оружје. 74 отсто од вкупното оружје се наоѓа кај цивилите, 23 отсто кај оружените сили, а 3 проценти кај полицијата.Од 180 земји во светот, Македонија е на 20-то место според бројот на нелегално оружје, што го поседуваат цивилите.„Би сакале да апелираме до јавноста оваа година да се воздржат од славеничко пукање, да го остават оружјето ако го имаат дома. Владата да ја зголеми довербата меѓу граѓаните и институциите и меѓуетничките заедници. Со мали мерки не можеме да му застанеме на патот на оружјето. Треба сериозно да се зафатиме со проблемот. Освен што расте бројот на нелегално оружје во Македонија расте и спремноста на граѓаните да го употребуваат оружјето за најбанални причини“, рече претседателот на невладината Цивил, Џабир Делара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

