Црна хроника
Пронајдени трупови во Куманово и во Скопје
Педесет ишест годишен кумановец во среда бил пронајден мртов, а на неговата глава се забележани повреди од удар со тврд предмет, соопштуваат од МВР
Според полицијата, станува збор за Заре К. чие тело било пронајдено вчера околу 13.40 часот на улицата Ѓуро Пуцар во Куманово. Увидна екипа од СВР куманово при прегледот на телото во пределот на главата ги констатирала повредите нанесени со тврд предмет.Истражен судија наредил обдукција на телото, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Во среда на падините на Водно во Скопје, беше пронајден и труп на девојка за која подоцна беше откриено дека станува збор за 20-годишната Кимета Селими.За овој случај од МВР информираа дека таа била пријавена за исчезната на 3-ти декември, од страна на нејзините родители кои во четврток го идентификуваа телото на починатата.Селими исчезна откако нејзиното момче си го одзеде животот легнувајќи на железничката станица во Скопје, пред речиси еден месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

