Европа
Бајден го уверува Балтикот дека САД ќе ги почитуваат своите обврски во НАТО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/biden20vo20riga.jpg)
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден им порача во вторникот на балтичките земји дека САД ќе го почитуваат ветувањето на НАТО дека ќе ги штитат и истакна дека изјавите на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека тоа можеби нема да биде така, не треба да се сфаќаат сериозно.
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден им порача во вторникот на балтичките земји дека САД ќе го почитуваат ветувањето на НАТО дека ќе ги штитат и истакна дека изјавите на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека тоа можеби нема да биде така, не треба да се сфаќаат сериозно.
Посетата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Балтикот се одигрува во време која Западот повторно тврди дека се зголемени тензиите поради наводните дејствија на Русија, а Естонија, Литванија и Летонија имаат големи руски малцинства на кои не им ги признаваат граѓанските права, за што повремено се критикувани од Обединетите нации и од Европската унија.
Бајден, кој доаѓа од Демократската партија, алудираше на изјавата на кандидатот на за претседател на Републиканската партија, милијардерот Доналд Трамп, кој порача дека доколку стане претседател на САД, можеби нема да ги почитува ветувањата на НАТО дека автоматски ќе ги брани сите свои членки, реферирајќи се во прв ред, на големите вложувања на Вашингтон во одбраната на своите сојузници наспроти нивното намалување на сопствените национални одбранбени буџети.
„Сакам да им биде сосема јасно на сите во балтичките земји: ние, Соединетите американски држави, се заколнавме со својата чест… пред Повелбата на НАТО и членот 5“ кој се однесува на военото помагање на алијансата во случај да биде нападната некоја нејзина земја членка, изјавил Бајден во латвиската престолнина Рига, пренесува Reuters.
Бајден притоа ги отфрлил изјавите на Трамп во врска со тоа и истакна дека двете најголеми американски партии се целосно предадени на НАТО и доследни во извршувањето на своите обврски во сојузот.
„Тоа што повремено ќе слушнете нешто од претседателскиот кандидат на другата партија, не е нешто што би требало да се сфаќа сериозно“, порачал американскиот потпретседател.
Челниците на НАТО на самитот во јули во Варшава се договорија дека ќе распоредат најмалку три баталјона со по илјада војници во балтичките земји и во источна Полска и оти ќе ги зголемат воздушните и поморските патролирања за да им влеат сигурноста на сојузниците во овој регион загрижени од наводната „руска закана“.
Бајден во среда ќе отпатува во Турција каде што ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и со премиерот Бинали Јилдирим, а потоа ќе се врати на северот од Европа – во Шведска, каде главна тема на разговорите ќе биде мигрантската криза./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Планот на Трамп да стави крај на војната во Украина наскоро ќе биде откриен, познати се првите детали
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-075123.jpg)
Блумберг објави дека Кит Келог, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина и Русија, потврдил дека следната недела во Минхен ќе го претстави планот на Трамп за мир во Украина. Келог ќе учествува на безбедносна конференција во Германија и таму ќе ги претстави главните точки на предлогот.
Во објава на социјалните мрежи во вторникот, Келог напиша дека целта на Трамп да стави крај на крвавата и скапа војна во Украина ќе биде тема во Минхен. Тој додаде дека таму ќе се сретне со американските сојузници кои се подготвени да соработуваат со нив.
Pleased to announce my participation @MunSecConf 2025. As @POTUS's Special Envoy for Russia & Ukraine, I look forward to speaking about @realdonaldtrump's goal to end the bloody and costly war in Ukraine. I’ll meet with America’s allies who are ready to work with us. #MSC2025 pic.twitter.com/GLUhgI46H7
— Gen. Keith Kellogg (@SPE_Kellogg) February 4, 2025
За време на неговата претседателска кампања, Трамп вети дека ќе стави крај на руско-украинската војна „во рок од 24 часа“ по преземањето на функцијата, или дури и пред да стане претседател. Поминаа речиси три недели откако положи заклетва како 47-ми претседател на САД.
Конференцијата во Минхен ќе се одржи од 14 до 16 февруари, а потоа се очекува да бидат објавени и детали за планот на Трамп, пишува Блумберг.
Според Радио Слободна Европа, планот на Трамп би можел да вклучи замрзнување на конфликтот и оставање на териториите окупирани од Русија „во неизвесност“, додека Украина ќе добие безбедносни гаранции. Но, не е јасно како би изгледале тие гаранции.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вчерашното видео обраќање рече дека неговата администрација во последните денови ги интензивирала контактите со Вашингтон во врска со можните мировни преговори.
We continue working on sanctions against Russia, targeting those who help finance its war against Ukraine. Today, I discussed this with the UK Foreign Secretary during his visit to Ukraine.
It is crucial to keep pressuring Putin’s shadow tanker fleet, which moves oil around the… pic.twitter.com/hLr2AMPTqx
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 5, 2025
„Имаме значително интензивирана комуникација со американската администрација. Имаме и многу интензивни разговори со другите партнери. На Украина и треба вистински, траен и гарантиран мир и средства за да се осигура дека Русија секогаш знае што ги чека оние што сакаат да и нанесат штета на Украина. Отворени сме за силна дипломатија и сега подготвуваме токму таква дипломатија. И за ова ни е потребна издржливоста на нашите војници, ефикасноста на нашата армија и нејзината модернизација“, рече Зеленски.
Европа
(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/35bd913f-e0c5-46ad-bf2c-5ee272056c00.jpg)
Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков.
„Нападот беше насочен кон еден од најголемите пазари во Харков, лоциран во областа Киевски, во близина на транспортната инфраструктура. Продавниците се во пламен. Засега нема информации за жртви“, објави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов на Телеграм.
Overnight, Russian drones destroyed Barabashovo Market in Kharkiv — one of the largest in Ukraine and Europe.
With casualties still being ascertained, countless trading pavilions have been reduced to ruins. pic.twitter.com/vuc3qQNh8L
— KyivPost (@KyivPost) February 6, 2025
Олех Синјехубов, шеф на воената управа на Харковската област, рече дека остатоци од дрон Шехид паднале врз продавниците на пазарот.
Пазарот Барабашов беше најголемиот пазар во источна Украина и 14-ти најголем пазар во светот. На 75 хектари посетителите можеа да најдат сè, од облека, електроника и покуќнина до свеж зеленчук, храна и земјоделски производи.
Tragedy in #Kharkiv: The ‘Barabashovo’ Market Destroyed 🤬🤬🤬🤬🤬
One of the largest markets in Ukraine and Europe has been reduced to ruins.
Rows of shops and dozens of pavilions were engulfed in flames. The third video captures the moment of the drone strike. pic.twitter.com/biUITvseQ1
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) February 6, 2025
Пазарот привлекува купувачи од Украина и од соседните земји поради големиот избор и пристапните цени.
Русите од почетокот на војната неколку пати го нападнаа пазарот. Во првите неколку месеци од инвазијата, беше гранатиран најмалку три пати. Големи делови од пазарот беа уништени, но трговците секој пат се враќаа.
Европа
Путин: Руските војници импресивно се борат во Курск
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/putin-kursk.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со вршителот на должноста гувернер на областа Курск, Александар Хинштајн, рече дека единиците на руските вооружени сили во регионот Курск се борат „импресивно, ефикасно и храбро“.
За време на средбата, Хинштајн му го претставил на Путин барањето на руската 155-та поморска бригада да добие почесно име по Курск. Путин потоа нагласи дека сите војници кои се борат во областа Курск ќе бидат соодветно одликувани.
„Навистина, маринците од Далечниот Исток се борат импресивно, ефикасно и храбро. На ист начин, и маринците од 810-та бригада на Црноморската флота, падобранците на 106-та дивизија, 76-та дивизија и многу други единици се борат на овој дел од фронтот, а сите ќе бидат пригодно одликувани“, најави Путин.
Путин нагласи дека барањето на 155-та морнаричка бригада ќе биде исполнето. „Со зборови на благодарност за се што прават за татковината“, додаде тој.
Украинските сили ја нападнаа областа Курск на почетокот на август минатата година и окупираа 400 квадратни километри територија во регионот. Во почетокот на ноември, руските сили започнаа голем контранапад.