Uncategorized
Како се облекуваа момците во 70-тите
70-тите беа голема деценија за модата.
Фокусирани на индивидуализмот, седумдесеттите ги охрабруваа мажите да се изразат со поавантуристички стил.
„Сега нема правила во модната игра“, прогласи магазинот „Вог“. Хипи, глам рок, диско, ѕвонарки, светки и сатен се само дел од елементите што ја одбележаа машката мода во 70-тите.
Психоделичен хипи

Кога „битлсите“ се вратија од Индија во 1966 година, тие го заменија изгледот на добро момче со шарени етнотуники, ѕвонести фармерки, долга коса, шапки и шарени шалови. Нивниот нов стил, во комбинација со употреба на дроги, ги издигна до статус на хипи-икони. Џон Ленон дури тврдел дека ги сменил фризурата и облеката на светот, вклучително и Америка.
Револуција на паунот
Не беше потребно многу за да се премине од хипи-модата во стилот на паун. 70-тите означија вистинска пресвртница во машката мода. Под влијание на музичарите и уживајќи во предностите на професионалниот живот, многу мажи ги напуштија класичните костуми во корист на шарени парчиња со дезен, понекогаш украсени со карнери или тантела. Концептите како социјална класа и стандарди за облекување исчезнаа.
Мода без род

Британскиот дизајнер Мајкл Фиш, кој се смета за татко на паун-модат, се прослави со своите екстравагантни креации. Всушност, неговата машка линија несомнено ги вклучуваше најконтроверзните креации, особено претставени од Мик Џегер на концертот на „Ролинг стоунс“ во Хајд парк во 1969 година и Дејвид Боуви следната година на корицата на „Човекот што го продаде светот“ (The Man Who Sold The World). Мајкл Фиш на фотографијата носи едно од своите препознатливи парчиња, долг кожен капут.
Глам рок

Футуристичка шминка, сјајна облека, светкави чизми и шарени фризури беа насекаде во раните 70-ти. Уметниците, како Дејвид Боуви во маската на Зиги Стардаст, имаа сè поексцентричен и андроген стил на своите настапи. Други славни уметници, како што се Литл Ричард и Марк Болан, исто така помогнаа да се прослави глам рок-модата.
Кадифе
Неформалните комплети стануваа поприфатливи, но класичните костуми не беа целосно напуштени. Во мода беа припиени јакни, лелеави панталони и нови материјали, имено кадифе.
Твид
Во тоа време во машката мода доминираа и сомот и твид. Спортските јакни, костуми и палта имаа разни дезени, вклучително и каре. Мажите почнаа да се одлучуваат за палта со пошироки раглан-ракави, лелеави панталони и потесни ревери и вратоврски.
Црно и бело
Додека мажите прифатија многу бои во текот на оваа деценија, црно-белите облеки не беа целосно заборавени. Парчињата во тренд вклучуваа карирани кошули во комбинација со лелеави панталони и кратка јакна со патент, костуми со дворедно закопчување и задолжителен џемпер без ракави со геометриски дезени.
Диско

До втората половина на деценијата диското стана мода за задолжително носење. Се разбира, никогаш нема да го заборавиме ликот на Џон Траволта во Saturday Night Fever („Треска во сабота навечер“) во бел триделен костум со широки ревери, висок елек, лелеави панталони и црна кошула со јака. Додајте чевли на платформа и авијатичарски очила и практично сте таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку
Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.
Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.
Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.
Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.
фото: принтскрин
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

