Свет
Силен земјотрес од 6,6 степени го погоди брегот на Панама

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Тихиот Океан на Панама, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).
Локалните власти соопштија дека нема извештаи за жртви или материјална штета, пренесува „Ројтерс“. Епицентарот на земјотресот бил на околу 72 километри јужно од брегот на Панама, на длабочина од 10 километри.
„Ројтерс“ јавува, повикувајќи се на сведоци, дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град на Костарика, Сан Хозе.
Од Комисијата за вонредни состојби во таа земја соопштија дека нема информации за причинета штета.
Не е издадено предупредување за цунами, соопшти Американскиот систем за предупредување од цунами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Зеленски пристигна во Брисел на средба со Урсула фон дер Лајен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел, каде што ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди неговиот портпарол.
Таа претходно објави дека ќе им се придружи на Зеленски и на американскиот претседател Доналд Трамп на утрешната средба во Вашингтон.
Zelensky has arrived in Brussels. He is scheduled to meet with European Commission President Ursula von der Leyen today, followed by their participation in an online meeting of the Coalition of the Willing leaders. pic.twitter.com/b6dOpeLLin
— WarTranslated (@wartranslated) August 17, 2025
Регион
Вучиќ: Прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат; за 3-4 дена изненадувачки одлуки, ќе го победиме злото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата поради протестите и насилствата на улиците. Тој предупреди дека „прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат“, оценувајќи дека „банда владее по улиците“ и државата ќе одговори.
Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилства во Валево, Белград и Нови Сад, вклучително и палења и напади врз простории на политички партии и полицијата. Тој оцени дека она што се случуваше во Нови Сад и Ваљево, каде што беа демолирани и запалени просториите на владејачката Српска напредна партија, е тероризам.
На прашање за Мартa Кос и присуството на малолетници на протестите, рече дека недозволиво е рушењето на простории на политички партии и дека одговорноста е кај насилниците, а не кај државата.
Вучиќ уверува дека станува збор контролирани сценарија на хаос, според кои протестите се организирани со цел дестабилизација и поттикнување на изборни барања. Тој најави дека во наредните 3-4 дена ќе следат „изненадувачки одлуки“ на државата и дека за 10 дена ќе бидат приведени сите кои учествувале во нередите.
„Со народот на Србија ќе го победиме ова зло“, заклучи претседателот, истакнувајќи дека државата ќе се спротивстави на внатрешниот хаос и надворешните притисоци.
Свет
(Видео) Малку лево, па десно – коментари за начинот на кој Трамп чекореше на црвениот килим

Средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска привлече големо внимание. Покрај фактот дека речиси сите очекуваа одлука во врска со Украина, светската јавност не пропушти ниту еден момент на црвениот тепих, кога Трамп ја изгуби насоката при одење.
Трамп се сретна со Путин во петокот во Алјаска, а главна тема беше војната во Украина.
Нивната средба се одржа во формат три на три и траеше речиси три часа, но сепак, и покрај големите очекувања, не е постигнат конкретен договор.
Can any doctors tell me. Why is Trump struggling to walk in a straight line? pic.twitter.com/hAYgGI8AAz
— Maine (@TheMaineWonk) August 15, 2025
Потоа корисниците на социјалните мрежи се фокусираа на деталите, како што е прошетката на Трамп по црвениот тепих.
Американскиот претседател излезе од авионот и отиде да се сретне со рускиот лидер. Тој одеше по црвениот тепих до точката означена за нивниот состанок, но во еден момент почна да оди лево-десно, како да го изгубил правецот.
Многумина коментираа дека изгледал како да „се мачи да оди“, од причини што сè уште не се познати.
На Трамп претходно му беше дијагностицирана хронична венска инсуфициенција, нарушување на циркулацијата на крвта, во јули откако забележа „благ оток во долните екстремитети“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит.