Црна хроника
„Бреза“: Ме присилија лажно да сведочам
„Бреза“ алијас Златко Арсовски направи пресврт во случајот платено убиство на Лазо Милошевски, јави порталот Лисица.
Кој ги мести осомничените но и кој е убиецот на старецот сега дури уште е понеизвесно, вакви се коментарите од лицата добро упатени во случајот платено убиство после сведочењето на до неодамна заштитниот сведок Бреза.
Објаснувајќи зошто ја променува својата изјава тој во преполната судница на Основниот суд во Велес рече.
„Ме присилуваа, малтретираа и закануваа, морав лажно да сведочам. Целата изјава која ја имам давано под псевдонимот Бреза ми ја напишаа, додека бев во притвор, Вељо доаѓаше и ми се закануваше. Ги малтретираа и моите дома се исплашив и прифатив. Ми ветуваа пари, дека ќе живеам во друга држава“, рече Арсовски.
Осомничените за случајот „платено убиство“ не се сторители на делото, адвокатот Давидовиќ вели дека после ова сведочење многу работи треба да се преиспитаат во МВР.
„После оваа изјава на екс заштитениот сведок длабоко треба да се преиспита судството заедно со јавниот обвинител на РМ , бившиот, кој што прв го дозволи овој заштитен сведок, понатаму одделението за заштита на сведоци и да се испита работата на судечкиот судија“, рече Звонко Давидовиќ, бранител на второ и трето обвинетите.
Судскиот процес за платено убиство во велешкиот суд почна во 2008 година. Судот двапати пресудуваше по 12 години затвор за браќата Љубчо и Ордан Ѓоргиевски, Скопска апелација го враќаше предметот на повторно судење. Тие пак, 30 месеци беа во притвор, за цело време тврдеа дека некој ги мести.
„Имаше некои работи од трговија со оружје, перење на пари, триста ти чуда и ми ја нафрлија оваа работа на мене, значи има двајца од Велес и четворица од Скопје, сега денеска нема да ги кажам кои се, како се, ама тие шестмина ќе ви ги кажам во петок кои се“, рече Љубчо Ѓоргиевски, второобвинет.
Многу од работите ќе бидат појасни по 15 февруари, кога на барање на одбраната и обвинителството соочување ќе има помеѓу Вељо и сега веќе обичниот сведок Златко.
До тогаш ќе се знае и дали притворот во Шутка на прво обвинетиот Ѓоре Петревски ќе му биде заменет со домашен притвор. /крај/лсц/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

