Македонија
Грковска – Зибери: Ефикасната заштита на правата на граѓаните е приоритет, заеднички ги надминуваме детектираните слабости
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска оствари работен состанок со Насер Зибери, народен правобранител на Република Северна Македонија, на кој се разговараше за предизвиците со кои се соочува оваа институција, но и за начините како тие да се надминат.
Вицепремиерката Грковска го информира народниот правобранител Зибери за координативните активности што ги презема нејзиниот кабинет, со цел да се обезбеди поефикасна имплементација на извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, подготвен од Европската комисија.
Таа оцени дека е многу важно заеднички, преку координативен процес, сите институции да работат на имплементација на препораките од Европската комисија, а со тоа и да се надминат системските слабости.
Двајцата соговорници разговараа за потребата да се пристапи кон измена на законската рамка, која се однесува на Народниот правобранител како институција, која ќе овозможи усогласување на правната рамка со париските критериуми и венециските начела, пред сѐ, во поглед на нејзината финансиска независност.
Се разговараше и за соработката што народниот правобранител ја има со други институции, со цел да се обезбеди ефикасна заштита на правата на граѓаните, при што беше нагласено дека веќе се надминати проблемите со посетите на казнетите установи, со кои Народното правобранителство порано се соочуваше.
Вицепремиерката Грковска и народниот правобранител Зибери изразија подготвеност наредниот период заеднички да работат на надминување на предизвиците со кои се соочува оваа институција, што е предуслов за унапредување на ефикасноста на заштитата на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.

