Македонија
Општина Аеродром: СДСМ најмалку да зборува за бетонизација и криминал затоа што се познати по договорите во четири очи
Од општина Аеродром со демант на информацијата на СДСМ за бетонизација во Лисиче.
Според напишаното од општината, нема крај на фантазијата, лажните вести и дезинформациите пласирани од страна на СДСМ. Политичката партија не престанува да шири лаги и дезинформации во јавноста.
„Најкорумпираната партија во Македонија, најмалку што треба е да обвинува за корупција, онаму каде што се работи одговорно и чесно и каде се реализираат проекти за граѓаните. СДСМ најмалку што можат да зборуваат за бетонизација, дивоградби и криминал затоа што тоа е политичката партија која е позната по високите провизии, спорните договори во четири очи, незаконските надзори, багателната продажба на земјиште на брачни партнери, класифицирани и сомнителни милионски договори и уште низа криминални тендери и зделки.
Во суштина зад лажните обинувања и наводната ‘бетонизации’ во Лисиче, се крие непотизмот и обидот за замајување на јавноста од продажбата на државно земјиште по нереално ниски цени, милионските суми испумпани од буџетот и тоа со бизнис партнери кои имаат сомнителна позадина“, се истакнува во соопштението од Општина Аеродром.
Овие празнични денови, како што наведуваат, на дневен ред за споделување лажни вести од тендер партијата е ДУПот во дел од Лисиче за кој во неколку наврати потенциравме дека станува збор за процес кој е почнат во 2019-та година, а кој решава сериозни урбанистички проблеми за граѓаните во овој дел од општината. Уште еднаш потенцираме дека вестите поврзани со изградба на згради во Лисиче, се целосно лага, невистина и дезинформација. Посочениот ДУП, појаснуваат се уште е во фаза на анкета и финалната верзија ќе биде изработена по завршувањето на консултациите со јавноста.
Општина Аеродром, велат од таму, ги стави на увид на граѓаните и медиумите сите документи поврзани со овој ДУП и уште еднаш ги повикуваме граѓаните да дадат свое мислење и забелешка по истите.
„Ние ништо не криеме, работиме транспаретно и нашите документи нема потреба да бидат класифицирани. И на крајот уште еднаш потсетуваме дека ниту една лажна афера и дезинформација нема да го тргне вниманието на јавноста од лошите политики на власта и нема да ја намали разочараноста на граѓаните од лошата економска состојба во која СДСМ ја донесе државата“, подвлeкуваат од општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

