Црна хроника
Приведен шверцер, кој се обидел да побегне, пронајдени 11 мигранти кај Неготино

Во текот на вчерашниот ден, во 8.15 часот, кај железничката станица во Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар „Југ“ го лишиле од слобода А. Г. (39) од Богданци. При преглед во патничкото возило „ауди“, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило, пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.
Имено, претходно, тој бил забележан на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај с. Тремник, но не застанал со возилото на даден знак од полициски службеник и се обидел да побегне, но набргу фил фатен и лишен од слобода.
А. Г. бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Уапсен битолчанец, ја истепал својата сопруга

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 27-годишниот Ѓ.С. од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во полиција пријавен 17-годишник од установа за згрижување деца: агресивно се однесувал, се заканувал, па искршил инвентар во службените простории

Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца – Организациона единица Влае било пријавено дека нивниот штитеник 17-годишниот Р.М. го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, упатувал закани на вработено лице, оштетил дел од инвентарот во службените простории, по што се оддалечил од установата, од која и претходно се оддалечувал и бил враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.