Свет
Пригожин го покани Шојгу во Бахмут: „Ве чекам да дојдете“

Конфликтот меѓу шефот на озлогласената руска приватна платеничка компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, продолжува.
Пригожин денеска објави писмо во кое цинично го повикува Шојгу да го посети Бахмут.
Тој со недели се жалеше дека руското Министерство за одбрана не доставува доволно муниција на неговите платеници, кои со месеци се обидуваат да го заземат украинскиот град Бахмут.
„Почитуван Сергеј Кужугетович, моментно единиците на приватната воена компанија ‘Вагнер’ контролираат повеќе од 95 % од населбата Бахмут и продолжуваат со офанзивните операции со цел целосно ослободување. На крилата на ‘Вагнер’, каде што се наоѓаат силите на вооружените сили на Руската Федерација, непријателот почна серија успешни контранапади.
Имајќи ја предвид моментната тешка оперативна ситуација, како и вашето долгогодишно искуство во борбени операции, ве повикувам да дојдете на територијата на Бахмут, која е под контрола на паравоените сили на Руската Федерација, и самостојно да ја процените сегашната ситуација. Однапред ви благодарам, го очекувам вашиот договор“, се вели во писмото до рускиот министер, што Пригожин го објави денеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина го губи „Тик-ток“ во САД, „Бајт денс“ останува со мал удел

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се потврдува договорот за одвојување на „Тик-ток“ од кинеската компанија „Бајт денс“ и пренос на мнозинскиот удел во рацете на американски инвеститори.
Според планот, конзорциум предводен од софтверскиот гигант „Оракл“ ќе управува со американските операции на „Тик-ток“, ќе ги чува податоците во домашни сервери и ќе добие лиценца за алгоритмот што препорачува содржини. Очекувањата се американските инвеститори да држат околу 80 отсто од уделите, додека „Бајт денс“ ќе остане со минорен дел.
„Тик-ток“ во САД има околу 180 милиони корисници, а со овој договор платформата ќе продолжи да биде достапна под американска контрола и построг надзор. Од администрацијата на Трамп велат дека целта е заштита на националната безбедност и податоците на корисниците.
Свет
Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел од крајно десните израелски политичари за проширување на израелскиот суверенитет врз оваа територија.
„Не, нема да дозволам. Тоа нема да се случи. Доста е, време е ова да запре“, рече Трамп во Белата куќа, објаснувајќи дека темата ја покренал по телефонскиот разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Појасот Газа.
Притисокот за анексија доаѓа од дел од десното крило на коалицијата на Нетанјаху, кое бара формално воведување на израелскиот суверенитет врз Западен Брег. Овие барања предизвикуваат силна загриженост кај арапските лидери, од кои дел се сретнаа со Трамп на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Западен Брег е освоен од Израел во војната во 1967 година. Палестинците со децении го бараат како дел од својата идна држава, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа. На оваа територија денес живеат околу 2,7 милиони Палестинци и околу 700.000 израелски доселеници. Повеќето земји во светот не ги признаваат израелските населби таму и ги сметаат за нелегални според меѓународното право.
Изјавата на Трамп доаѓа во чувствителен момент на засилени судири во Газа и зголемен дипломатски притисок за изнаоѓање долгорочно решение за израелско-палестинскиот конфликт.
Свет
Трамп најави нови царини на лекови, камиони и мебел

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека од 1 октомври ќе стапат на сила нови царини: 100 отсто на увоз на брендирани лекови, 25 на тешки камиони, 50 на кујнски ормари и 30 проценти на тапациран мебел.
Трамп изјави дека целта е заштита на домашното производство и националната безбедност, додека Американската стопанска комора и повеќе сојузници предупредија дека мерките ќе ги погодат блиските трговски партнери и голем дел од индустријата.