Црна хроника
Судир на велосипеди на патека во Скопје

Вчера вo 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека од бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеда, управувани од П.В.(32) од Битола и К.П.И.(39) од Богданци.
По несреќата, двајцата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде на К.П.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.В. телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал

Вчера околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.
Црна хроника
Мопед удри во малолетничка во Куманово, повредени три лица

Вчера околу 19:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово, Н.Ј.(27) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, удрил во малолетничка од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот М.Л.Ј., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Малолетен практикант паднал од седум метри висина од објект во изградба во Охрид

Малолетен практикант паднал од седум метри висина од објект во изградба во Охрид.
Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.
„П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба „Бејбунар““, соопшти СВР-Охрид.