Црна хроника
Истрага против две лица за недозволено поседување оружје и муниција
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 16 мај, во автомобил „бмв“, со скопски регистарски ознаки, осомничените на возраст од 35 и 34 години, заеднички неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција – три пиштоли „црвена застава М57“, со соодветни рамки, и 21 куршум.
Оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес на автомобилот на улицата Кичевска во ќеса пред предното совозачко седиште. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени оценувајќи дека во целост се исполнети законските основи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Следел женско лице а од канцеларијата и го украл и мобилниот телефон: кривична за маж од Дебар
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против У.Ф.(63) од Дебар.
Toj се сомничи за сторени кривични дела „кражба“ и „демнење“.
63-годишниот маж извесно време следел женско лице од Дебар, а на 07.05.2024 од работната канцеларија ѝ го одзел мобилниот телефон.
Црна хроника
Им ветувал виза за странска земја: измамникот од Скопје им земал по 1.000 евра од лице
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во период од септември 2023 година досега, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти дека ќе им обезбеди виза за странска земја измамил три лица и за тоа зел по 1.000 евра од лице.
Имено, пријавениот ги измамил лицата дека преку социјална мрежа од агенција ќе добијат термин за виза, но тоа не се случило.
Црна хроника
Oд струен удар загина 65-годишен маж во Скопје
Синоќа во 19.40 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат М.Т.(65) од Скопје.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, при што е утврдено дека причина за смртта бил струен удар.